Александра Шијакоска откри детали за венчавката: „Цела организација беше во 15-20 дена, славевме во нашиот двор, сакав сите гости да се во бело“
За декорацијата беше задолжена другарка ми од Неготино Piem design, за музиката Виктор Апостоловски кој веднаш по церемонијата ни ја испеа песната од запросувањето.
Цела организација беше во 15-20 дена, среќа беше работен ден, па сè можев да најдам слободно. Ништо не беше испланирано, си реков како ќе испадне така нека биде, сакав само татко ми да ме носи за рака и внуците да си одат пред мене и зад мене, а за друго ништо не ми беше важно.
Најважното, сликите се дело на најдобриот свадбен фотограф кој го познавам Симона Калица. Профилот на инстаграм и е summer of seventeen“.
Сакав сите гости да се во бело, за да го разбиеме тој стереотип дека на свадба не се носи бело. Им кажав на другарките ако си сакаат долг бел фустан слободно, дури и сите си направивме бели „невестински“ нокти. Многу слатко изгледаше сето тоа“.