Александра Шијакоска откри детали за венчавката: „Цела организација беше во 15-20 дена, славевме во нашиот двор, сакав сите гости да се во бело“
- Детали
- сабота, 22 јули 2023
„Една свадба бара голема организација, а сакавме конечно да си ја формализираме нашата заедница, па одлучивме оваа година да си направиме регистрација во матично. Решивме да прославиме заедно роденден на Едмонд и официјален брак и тоа да го направиме наместо во општина, во нашиот двор“, открива Александра Шијакоска за CRNOBELO.com
Александра Шијакоска и нејзиниот партнер Едмонд Весели стапија во брак на 19-ти јули. Парот направи мала прослава, а инфлуенсерката Шијакоска открива дека следната година планираат и свадба.
На истиот ден беше и роденден на Едмонд.
За CRNOBELO.com, Шијкоска открива неколку детали за убавата прослава:
„Една свадба бара голема организација, а сакавме конечно да си ја формализираме нашата заедница, па одлучивме оваа година да си направиме регистрација во матично.
Планот на почеток беше само семејството и сведоците, потоа одлучивме тоа да е за роденденот на Едмонд, да е значаен ден и да не мора да имаме многу датуми за славење.
Решивме да прославиме заедно роденден и официјален брак и тоа да го направиме наместо во општина, во нашиот двор.
Немавме многу поканети, Едмонд си покани гости за неговиот роденден, а јас ги поканив само дел од пријателите со кои сум порасната. Останатите пријатели и роднини ги оставив за свадба.
Имам голем круг на пријатели и огромна фамилија, па немаше можност да ги поканиме сите на регистрација.
Господ здравје, ако е сè по план ќе си организираме и свадба наредна година.
Фустанот е креација на Коцарева, гледав многу фустани и сите невести и невестински фустани ми се убави, ама овој беше некако ЈАС.
Коцарева инсистираше да имам два фустани, едниот да е за забавата, па така имав два.
Јас не барам премногу и за среќа ги имам вистинските луѓе покрај мене. Декорацијата си го направи своето, сè беше бело и едноставно.