Прв заеднички одмор со мама и тато: 4-месечната внука на Дац на одмор на Халкидики (фото)
- Детали
- петок, 21 јули 2023
„Фамилија“ – напиша накратко Софија Спасов, снаата на актерот Драган Спасов Дац, до фотографиите што ги објави од одморот со сопругот Јаков и ќеркичката Гаиа. Од фотките се гледа дека Софија брзо успеала да се врати во форма, само 4 месеци по породувањето.
Синот на нашиот актер Драган Спасов Дац, Јаков Спасов, деновиве е на одмор со сопругата Софија и 4-месечната ќеркичка Гаиа, а за првиот заеднички одмор како семејство ја избраа соседна Грција.
Ова е првпат малата Гаиа да оди на одмор со мама и со тато, а Софија на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од денот поминат на плажа.
„Фамилија“ – напиша таа накратко до фотките на кои се гледа дека многу брзо успеала да се врати во форма.
Инаку, Јаков и Софија се на плажата Moles Kalives на првиот крак на Халкидики, а освен што уживале во сончањето, Јаков не можел да им одолее и на флиперите во близина, па на Инстаграм Стори сподели кратко видео со кое се пошегува на сопствена сметка и напиша:
„На одмор со децата“.
Малата Гаиа денот на плажа го помина заштитена со шапка и очила за сонце, а мајка ѝ сподели и кратко видео во кое покажа како ја чувала цуцлата за постојано да ѝ биде при рака.
Инаку, Софија и Јаков стапија во брак во мај 2022-ра година, а во март годинава ја добија ќерката Гаиа.
Б. С. Б. | Црнобело