Марјана Станојковска е македонската Барби: Розов фустан, руси кадрици и насмевка која плени за премиерата на филмот во Скопје
- Детали
- петок, 21 јули 2023
Со препознатливите руси кадрици, насмевката и долгите нозе, облечена во розово фустанче со циркони и сандали на висока потпетица, македонската Барби, Марјана Станојковска, ги сврте кон себе сите погледи.
Вчеравечер (20.07) во Скопје се одржа премиерата на светскиот филмски хит „Barbie“, а водителката и инфлуенсерка Марјана Станојковска беше македонската Барби.
Со препознатливите руси кадрици, насмевката и долгите нозе, Марјана ги сврте кон себе сите погледи во киното.
Таа носеше розово фустанче со циркони и сандали со висока потпетица.
„Сите Барбики на едно место. Здраво Барби. Здраво Кен“ – напиша таа и го најави прикажувањето на филмот со Марго Роби и Рајан Гослинг кај нас.
Пред почетокот на проекцијата на филмот, Марјана се забавуваше во холот на киното „Cineplexx“.
Таа се фотографираше со девојчињата и дамите кои беа облечени во розово, исто како куклата Барби, а кои со нетрпение ја очекуваа скопската премиера.
Водителката не пропушти да се фотографира во „кутијата за кукли“ со името Barbie, но и покрај фигурата на Рајан Гослинг, кој во филмот го глуми ликот на Кен.
Дека ќе биде македонската Барби, Марјана навести уште пред неколку дена, кога на Инстаграм Стори објави неколку свои стари фотки со филтер Барби.