Не е Прованса, Грција е: Македонка позира среде недогледни полиња лаванда (фото)

Мисијата заврши успешно кога едно земјено патче доволно широко да го собере автомобилот ме доведе точно пред почетокот на насадите кои не беа оградени, а беа во екот на нивниот цвет и само чекаа некој да ја овековечи нивната убавина.

ne-e-provansa-grcija-e-makedonka-pozira-srede-nedogledni-polinja-lavanda-foto-08.jpeg

Само што излеговме од автомобилот нè облеа мирис на моќна лаванда, а зуењето на ројот пчели низ цветовите доаѓаше како некоја нежна совршена симфонија.

Во прилог на моментот беше и светлината. Сонцето веќе ја имаше фатено својата втора половина и полека се спушташе на хоризонтот.

ne-e-provansa-grcija-e-makedonka-pozira-srede-nedogledni-polinja-lavanda-foto-02.jpeg

Ова беше момент кога ми се потврди тоа дека кога сакаш нешто навистина од душа и од срце го добиваш во неговата најдобра верзија, а полињата со лаванда ми ги потврдија моите соништа дека се магични и дека имаат некоја своја посебна моќ.

Ако југот од Грција маѓепсува со својата сина боја и мирисот на море, во овој случај северот е облеан и неодолив во виолетова боја и мирис на лаванда. 

ne-e-provansa-grcija-e-makedonka-pozira-srede-nedogledni-polinja-lavanda-foto-09.jpeg

Како дизајнер оваа случајна средба со полињата на лаванда можеби ќе ја претопам во некоја идна моја колекција, како што сум правела и со претходните. Инспирацијата доаѓа од секаде. 

Токму поради ваквите моменти ги сакам патувањата и уживам кога откривам нови места и кога сум во можност сето тоа да го пренесам до мојата публика на некаков начин. На креативците никогаш не им е доста од дневно сонување“. 

ne-e-provansa-grcija-e-makedonka-pozira-srede-nedogledni-polinja-lavanda-foto-04.jpeg

Прочитајте и Не е Тоскана, Демир Капија е: Недогледни полиња со лаванда - рај за очи (фото)

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Аделина Тахири на одмор со сопругот на грчки остров – Денски на забава на плажа, ноќе во најпопуларн... „Мали моменти, големи спомени“ – напиша Аделина Тахири до фотографиите на Инстаг...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg