Не е Прованса, Грција е: Македонка позира среде недогледни полиња лаванда (фото)
- Детали
- среда, 12 јули 2023
„Отсекогаш сум сакала да имам магични фотографии со полиња од лаванда, но и покрај тоа што во минатото си организирав патувања во Прованса, Франција со надеж дека можеби ќе го фатам нивниот период - не успевав. Но, сега во Грција, на враќање од одморот во Парга, ми се оствари тоа“, вели Стефанија Насеска за CRNOBELO.com.
Нашата модна дизајнерка Стефанија Насеска на враќање од Парга, Грција, по одморот со родителите, сосема случајно наишла на нешто што за неа бил долгопосакуван сон – недогледни полиња лаванда.
Не можела, а да не застане и да ја овековечи оваа убавина со фотографии.
Таа за CRNOBELO.com споделува детали за оваа мини авантура:
„Отсекогаш сум сакала да имам магични фотографии со полиња од лаванда, и покрај тоа што во минатото си организирав патувања во Прованса, Франција со надеж дека можеби ќе го фатам нивниот период кога ја имаат сета своја раскош и смирувачки ефект, но среќата никако ме немаше послужено сè до момент кога неодамна „Прованса“ ме пронајде мене.
Инаку, Прованса е регион во југоисточна Франција на Медитеранот, кој се граничи со Италија, и е препознатлив по лавандата.
На враќање од одмор во Парга, Грција додека возев по автопатот ‘Игнација’ мислам дека беше поблиску до Солун, ненадејно во далечината здогледав голема лилава површина точно покрај автопатот.
И знам дека им прокоментирав на моите родители (со нив заедно го поминавме одморот) колку би била среќна доколку можам да застанам некаде и да се сликам, ама дека тоа е невозможно затоа што автопатот е заграден.
И додека го изјавував тоа на таблите забележав дека е напишан некаков излез, за жал, не се сеќавам кој број, и едноставно само го завртив воланот и се најдов среде мисија како да успеам да стигнам до полињата со лаванда.
Благодарение на чувството за ориентација кое го имам, по кратко возење по локалните патчиња, како асфалтирани, така и земјени, успеав да поминам низ подвозникот на автопатот и да се најдам на спротивната страна, поточно на страната од полињата.
Во главата имав само едена мисла, а тоа беше која соодветна комбинација да ја облечам за овој долгопосакуван момент, па макар и одела пешки до лавандата.