Ксенија Николова со фотки од плажа, по тешкиот период: „Сакаме сè да ни е подредено под конец, но животот ни се смее на плановите“
- Детали
- вторник, 27 јуни 2023
„Сите сакаме да ни биде сѐ подредено, под конец, како што сме замислиле. Ама животот ни се смее на сите наши планови, тоа е факт кој мораме да го прифатиме. Јас бев таа девојка којашто отсекогаш сакаше контрола, сѐ да е во мои раце..“, ја започнува својата емотивна исповед Ксенија Николова по петтиот неуспешен обид за вонтелесно оплодување.
Македонската писателка Ксенија Николова пред една седмица објави фотографија од болница со која откри дека пред две седмици го имала петтиот обид за вонтелесно оплодување, но дека, за жал, и овој обид, бил неуспешен.
Таа имаше емотивна исповед на темата, а потоа замина на одмор. Понекогаш релаксацијата и морето се најдобриот лек.
Сепак, Ксенија и оттаму, со фотографии од плажа, се огласи на темата.
Нејзината емотивна исповед:
„Сите сакаме да ни биде сѐ подредено, под конец, како што сме замислиле. Ама животот ни се смее на сите наши планови, тоа е факт кој мораме да го прифатиме.
Јас бев таа девојка којашто отсекогаш сакаше контрола, сѐ да е во мои раце, сѐ да држам цврсто и блиску, сето тоа благодарение на скриен, длабок страв од неизвесното, од напуштање, од предавство.
Но, сфатив дека никогаш нема да искусам вистинска среќа, ако не научам да го пуштам животот да ми се случува, да се ослободам од очекувањата, вистински да се препуштам на моментот и да се простам од моите трауми.
Секојдневно учам како да бидам послободна, како да ги пуштам сите сетила на максимум и како да зрачам со енергија која привлекува и сето тоа без планирање.
Сѐ уште учам како да го прифатам неизвесното, а како повеќе да го ценам она што го имам.
Си се засакувам себеси одново и одново, доволно искрено и онака другарски и мислам дека наскоро ќе ми станат јасни многу нешта што цело време ми биле пред нос, а јас упорно одбирав да не ги видам.
За сите траги на телото и душата кои гордо си ги носиме!“
Прочитајте и Ксенија Николова со фотка од болница по 5-тиот неуспешен обид за ин-витро: „Уморна сум од борбата, но јас останувам среќна индивидуа“
С. С. | Црнобело