Александар Белов по поплавите во Крагуевац: „Гаражата ни се наполни со вода, ја чистевме до доцна во ноќта“
- Детали
- петок, 16 јуни 2023
„На нашата улица, која е како удолница, буквално течеше река. Водата се задржуваше во дворовите, гаражата ни се поплави, па ноќеска сите заедно ја исфрлавме водата. Луѓето беа на улица до доцна во ноќта, ја чистеа водата“, вели за CRNOBELO.com пејачот Александар Белов кој живее во Крагуевац.
Пејачот Александар Белов, кој веќе 5 години живее во Крагуевац, вчеравечер (15.06), беше сведок на големите поплави кои направија хаос во градот. Реки по улиците, поплавени куќи, автомобили, урнати мостови, а меѓу најзагрозените беше и Клиничкиот центар во градот, кој „пливаше“ во вода.
Клинички центар Крагујевац 😪#Крагујевац #Kragujevac pic.twitter.com/6823xwkdAU
— Ми смо Крагујевац (@mismokragujevac) June 16, 2023
Александар, како и повеќето крагуевчани, мораше да се справи со силниот дожд кој го поплави градот.
Иако со сопругата Јелена и ќерката Мина не се во центарот на градот, каде што биле најголемите поплави, сепак по неговата улица се слевала река од обилниот дожд, а им се поплавила и гаражата.
BORBA SA BUJICOM: U Kragujevcu poplavljeno oko 100 kuća, evakuisano 14 ljudi #kragujevac #poplave https://t.co/D6Gr3mi1SJ pic.twitter.com/PIkF4dH8jX
-->— iKragujevac (@ikragujevac) June 16, 2023
За CRNOBELO.com, Александар раскажа низ што поминале не само тој и неговото семејство, туку и повеќето крагуевчани:
„Синоќа во Крагуевац имаше обилни дождови, не помнам вакво нешто откога сум преселен да живеам тука.
Многу домаќинства се поплавени, но за среќа човечки животи не се загрозени.
Но, направена е огромна штета. На нашата улица, која е како во удолница, буквално течеше река. Водата се задржуваше во дворовите, а нашата гаража се поплави, па ноќеска сите заедно ја чистевме од водата.
Река Угљешница притока реке Лепенице #Kragujevac pic.twitter.com/CFRc58QmXl
— Војвода Ђорђе Милошевић (@OdKuca91) June 16, 2023
Луѓето беа на улица до доцна во ноќта, ја чистеа водата од куќите дворовите, гаражите. За среќа, ни кај нас немаше некоја поголема штета.
Искрено, и јас и сите тука се надеваме дека нема да продолжи да врне дождот, дека наскоро сè ќе се врати во нормала и дека ова што ни се случуваше синоќа нема да ни се повтори“.
Прочитајте и Болници под вода, срушени мостови: Морничави фотки и видеа од поплавите во Србија
А. Ј. | Црнобело