Миа Костова за патувањето на Малдиви: „Има комарци, локалците собуваат влечки и за во продавница, но таму е рајот“
- Детали
- вторник, 30 мај 2023
„Карактеристична е азиска храна, зачинето и луто. Ако нарачате салата, нема да ви се допадне ниту домат, ниту краставица, која е како тиква. Имаат и морско ама претежно сè мириса на кари или куркума“, открива Миа Костова за престојот на Малдиви, за каде вели дека ги видела најубавите плажи досега.
Миа Костова со својата пријателка Тијана Скулиќ беше на патување на Малдиви, а оттаму се врати со заклучокот дека Малдиви е рајот на земјата.
Таа откри дека патот дотаму е малку напорен, но сепак вреди.
Миа престојуваше на локалниот остров Мафуши, но мина и ден-два во посета на ресорти на приватни острови.
Од позирање со ражи и набљудување на мали ајкулчиња до најубави зајдисонца и рајски плажи, Миа сподели прекрасни искуства оттаму на својот Инстаграм профил.
Таа отиде во дождовна сезона, но откри дека временската прогноза била совршена и единствена мана таму е преголемата влажност на воздухот.
Но, покрај сите овие искуства, Миа сподели и неколку информации за локалците и нивниот начин на живот, кои можеби не ги знаете.
Миа одговараше на прашања од следбеници на Инстаграм, издвојуваме неколку:
Освен кокос, кое друго јадење го пробавте што е карактеристично за Малдиви?
Карактеристична е азиска храна, зачинето и луто. Ако нарачате салата, нема да ви се допадне ниту домат, ниту краставица, која е како тиква. Имаат и морско ама претежно сè мириса на кари или куркума.
Навики на локалците кои се чудни за нас?
На пример, чудно е што каде и да влегуваат ги соблекуваат влечките, дури и оние што влегуваат во соба за да ти ја исчистат, влегуваат боси, па ги оставаат влечките пред врата, исто и кога пазарат, си се собуваат, па влегуваат.
Има ли комарци на Малдиви?
Многу.
Oд што живее локалното население, како заработуваат?
90% само од туризам, со оглед на тоа што туризмот таму живее 12 месеци во годината.