„Зима треба да се укине со закон“ – Миа Костова ужива на Малдиви со пријателката Тијана (фото)
- Детали
- недела, 21 мај 2023
По бајковитото патување низ Италија, Миа Костова веќе се најде на другиот крај од светот – со бикини со висок струк и кокос во рака, таа ужива во убавините на рајска дестинација заедно со Тијана Скулиќ.
Миа Костова периодов максимално го користи за патувања и уживање во убавините кои ги нудат најразлични дестинации низ светот.
Откако претходно помина период шетајќи низ повеќе градови во Италија заедно со синот Андрија и пријателката Тијана, овојпат таа замина на рајска дестинација.
Миа заедно со пријателката Тијана ужива во убавините на Малдиви, а своето патување и авантура до најмал детаљ ги пренесуваат на Инстаграм за фановите.
Покрај многуте фотки од будење со неверојатен поглед до сончање под палми, Миа објави и фотки во бикини со висок струк и кокос во рака и се пошегува: „Зима треба да се укине со закон. Малдиви, љубов си“.
Погледнете повеќе фотки и видеа од нивните први впечатоци на Малдиви:
М. М. | Црнобело / фото: Инстаграм Стори