Македонските дами гламурозни во црвено на Виенскиот бал 2023 во Скопје
- Детали
- понеделник, 15 мај 2023
На Виенскиот бал 2023 доминираше црвената боја, па во раскошни црвени фустани дојдоа Марјана Станојковска, Агнеса Органџиева и Дунавка Трифуновска, која беше во друштво на Горан Митров.
На 13 мај во хотелот „Александар Палас“ по 22-ри пат се одржа традиционалниот Виенски бал Скопје.
Ноќта, исполнета со гламур и елеганција, почна со звуците на „На убавиот син Дунав“ од Јохан Штраус и најави прекрасна вечер.
А македонските дами овојпат се појавија во едно поинакво издание од она што сме навикнати да ги гледаме. Тие беа облечени во широки тоалети, многу тул, скапоцени камења, тијари и впечатливи креации, онакви какви што носеле аристрократите на австрискиот двор низ вековите.
Овојпат на Виенскиот бал доминираше црвената боја. Па, во раскошни црвени фустани дојдоа Марјана Станојковска и Агнеса Органџиева.
Црвен фустан носеше и некогашната манекенка Дунавка Трифуновска, која беше во друштво на Горан Митров.
Водителката Ирена Спировска се одлучи за сив фустан со карнери, длабоко деколте и прерамки.
Во црна креација дојде првата Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ, која и оваа година беше водителка на Виенски бал.
Како и секоја година, гостите уживаа во убавата класична музика и танците, пред сè виенскиот валцер.
Виенски бал и оваа година беше со хуманитарен карактер, а собраните средства од продажбата на билетите се наменети за СОС Детско село.
А. Ј. | Црнобело