Филмско запросување на Македонка на Малдиви со рози и романтични фенери: „Ја затворија плажата за нас“

„Таа не знаеше воопшто ништо, ни малку не помисли на тоа. Момците од ресортот цел ден макотрпно работеа на високите температури и ја блокираа целата плажа за нас. И токму тогаш со солзи радосници во очите го добив најубавото 'да',“ - раскажа Бобан Павлов од Велес за CRNOBELO.com.

ja-zatvorija-cela-plazha-samo-za-nashata-romantichna-vecher-makedonec-na-maldivi-ja-zaprosi-devojkata-01_copy.jpg

Велешанецот Бобан Павлов (26) ја побара за сопруга својата девојка Мартина Анѓелова (24) на зајдисонце на Малдиви.

Тој организираше запросување на плажа со ливчиња од рози, шампањско и романтични фенери, а за CRNOBELO.com вели дека од ресортот во кој биле сместени, ја затвориле целата плажа само за нив за да го имаат најубавиот момент во нивниот живот.

Бобан запросувањето го планирал сам, а со батлерот кој бил задолжен за него и Мартина, успеале да ја излажат дека некој друг подготвува романтично запросување на тоа место. 

ja-zatvorija-cela-plazha-samo-za-nashata-romantichna-vecher-makedonec-na-maldivi-ja-zaprosi-devojkata-10_copy.jpg

Бобан за CRNOBELO.com ја раскажа нивната љубовна приказна, која трае 5 години.

„Јас и Мартина сме од Велес. Од ист град родум, но нашето запознавање се случи во Германија каде што моментално и живееме и работиме.

По 5 убави години поминати заедно низ љубов и разно-разни патувања низ светот, одлучив овој прекрасен чин да го направам на Малдиви.

ja-zatvorija-cela-plazha-samo-za-nashata-romantichna-vecher-makedonec-na-maldivi-ja-zaprosi-devojkata-19.jpg

Таа не знаеше воопшто ништо, ни малку не помисли на тоа. Јас резервирав одмор и со долга предвремена организација во ресортот, стигнавме до овој убав момент.

ja-zatvorija-cela-plazha-samo-za-nashata-romantichna-vecher-makedonec-na-maldivi-ja-zaprosi-devojkata-18.jpg

На денот кога стигнавме ни одредија батлер кој во текот на целиот одмор беше задолжен за нас. Тој со своето искуство ми предложи неколку разни идеи, место и време на настанот.

ja-zatvorija-cela-plazha-samo-za-nashata-romantichna-vecher-makedonec-na-maldivi-ja-zaprosi-devojkata-16_copy.jpg

Во неизвесност бевме дали временските услови ќе ни излезат во пресрет, но кога заклучивме дека денот е прекрасен, момците почнаа со работа. Тие макотрпно работеа на високите температури и ја блокираа целата плажа за нас. 

Неколкупати морав да ги посетам за да видам дали се одвива сè според планот, па тогаш ѝ кажав на мојата девојка дека ќе има специјална свечена вечера која ја организира хотелот и да се спреми.

ja-zatvorija-cela-plazha-samo-za-nashata-romantichna-vecher-makedonec-na-maldivi-ja-zaprosi-devojkata-09.jpg

Кога прошетавме низ плажата таа го здогледа местото и ме праша што се случува таму, рече дека е прекрасно е и дали може да видиме, а тоа беше и мојот план. Кога стигнавме го затекнавме нашиот батлер кој ѝ кажа дека ова е резервирано и организирано од друг пар, но дека може да се сликаме.

ja-zatvorija-cela-plazha-samo-za-nashata-romantichna-vecher-makedonec-na-maldivi-ja-zaprosi-devojkata-05.jpg

Кога почнавме со фотосесијата, буквите беа покриени, а прстенот се наоѓаше во срцето пред буквите. Кога стигнавме таму, јас клекнав и ја запросив.

ja-zatvorija-cela-plazha-samo-za-nashata-romantichna-vecher-makedonec-na-maldivi-ja-zaprosi-devojkata-14.jpg

Потоа следуваше фотосесија што ја направи фотограф од островот, а дојдоа и туристи од цел свет што беа во ресортот да видат што е и да се фотографираат и тие. Сè се случи некако како во филм но морам да признаам беше неверојатно. 

ja-zatvorija-cela-plazha-samo-za-nashata-romantichna-vecher-makedonec-na-maldivi-ja-zaprosi-devojkata-06.jpg

Потоа имавме преубав одмор од 12 дена којшто беше полн со тропски изненадувања, нуркање со ајкули и различни видови риби, посета на други острови и разноразни активности“, рече Бобан.

Повеќе фотографии од запросувањето:

ja-zatvorija-cela-plazha-samo-za-nashata-romantichna-vecher-makedonec-na-maldivi-ja-zaprosi-devojkata-12.jpg

ja-zatvorija-cela-plazha-samo-za-nashata-romantichna-vecher-makedonec-na-maldivi-ja-zaprosi-devojkata-15.jpg

ja-zatvorija-cela-plazha-samo-za-nashata-romantichna-vecher-makedonec-na-maldivi-ja-zaprosi-devojkata-13.jpg

ja-zatvorija-cela-plazha-samo-za-nashata-romantichna-vecher-makedonec-na-maldivi-ja-zaprosi-devojkata-04.jpg

ja-zatvorija-cela-plazha-samo-za-nashata-romantichna-vecher-makedonec-na-maldivi-ja-zaprosi-devojkata-17.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Романтична вечера со гитара, црвени рози: Како познатите Македонци го прославија Валентајн? Горан Пандев, Елена Најдоски, Давид Темелков се само дел од познатите Македонци ...
Македонец со сопругата Унгарка и синот води „живот на тркала“ - готват во кампер во Италија, пеат ма... Едит е македонска снаа од Унгарија која веќе одлично се снаоѓа со македонскиот ј...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Аделина Тахири на одмор со сопругот на грчки остров – Денски на забава на плажа, ноќе во најпопуларн... „Мали моменти, големи спомени“ – напиша Аделина Тахири до фотографиите на Инстаг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg