„Македонија е воодушевувачка“ - Англиски новинар на совршен начин го претставува Охрид (видео)
- Детали
- вторник, 09 мај 2023
„Мора да бидам искрен, не знаев многу за оваа земја, но по неколку дена тука можам да кажам дека е апсолутно воодушевувачка. Природата е брилијантна, пејзажите, културата, историјата, храната... Позади мене е Охридското Езеро и ова е една од најубавите глетки што сум ги видел каде било во светот“, вели англискиот новинар Крег Дојл со јавување директно од Канео.
„Македонија е место кое допрва ќе биде атрактивна дестинација за туристите, со многу сонце и спектакуларни пејзажи...“ Со овие зборови ја претставија нашата држава во утринската ТВ емисија „This morning“ во Велика Британија.
Презентерите со јавување во живо се споија со англискиот репортер кој допатувал во Македонија пред две седмици и им се обрати директно од Канео.
Од сончевиот Охрид со традиционална македонска музика, репортерот Крег Дојл ги поздрави колегите.
„Вака би сакал да си го започнувам секое утро, зарем не е прекрасно? Добредојдовте во Македонија!
Мора да бидам искрен, не знаев многу за оваа земја, но по неколку дена тука можам да кажам дека е апсолутно воодушевувачка.
Природата е брилијантна, пејзажите, културата, историјата, храната... Можеби малку само заостанува за некои од стандардните туристички работи, но тоа ќе се подобри и можам да ви кажам дека е новото атрактивно место за британските туристи.
Позади мене е Охридското Езеро и ова е една од најубавите глетки што сум ги видел каде било во светот, водата е неверојатно чиста, има град и села каде можете да истражувате и е само 3 часа лет од Велика Британија...
Тука има 365 цркви, енергијата е одлична, ова место е спектакуларно...
Свети Наум е како сцена од филм. Мирно место каде биле и Џорџ Клуни и Џулија Рoбертс во минатото.“
Погледнете го целото видео:
С. С. | Црнобело