Весна Петрушевска: „Се сеќавам како мојата ќерка беше 'булирана' по траумата за која не беше виновна“
- Детали
- четврток, 04 мај 2023
„Ја отпишав ќерка ми од тоа училиште затоа што родителите на булерите (насилниците) имале против што учат со неа...“, вели Весна Петрушевска за трауматичното искуство на својата ќерка Мина.
Весна Петрушевска се огласи по немилиот настан во Србија и се потсети на траумата на нејзината ќерка Мина и на тоа како реагирале нејзините соученици.
Нејзината објава гласи:
„Денес е тажен ден за сите... Децата знаат да булираат (малтретираат), оние кои што се булирани не зборуваат за тоа!
Се сеќавам како мојата ќерка беше булирана после траумата за која не беше виновна.
Од деца на нејзина возраст.
Ја отпишав од тоа училиште оти родителите на булерите имале против што учат со неа.
Мразам оружје, никогаш ни на сцена не сум го користела како реквизит.
Со Коста детето што уби 9 човечки животи е една погубна поука да почнете да разговарате со своите деца, да ги слушнете, да клекнете на коленици и да ви шепнат што ги мачи.
Во мојот живот се изнагледав насилни деца и жртви на насилниците. Одете до трети кат психијатрија на клиника! Одете видете не е тоа далеку од вас!
Родителите сакаат сè најдобро за своите деца во тоа не се сомневам, ама не ги гледате, не сте сведоци на нивните паѓања и трауми. Што мислите колкав гнев имал Коста?
Веројатно немерлив. Цело време зборувам за ментално здравје, а вие сте застанати кај анксиозност.
Соочете се со опасноста на врсничкито насилство. Не оди вашата флоскула „моете дете никогаш“, кога веќе сте на 5 метри од вашето дете тоа е друг лик.
Многу е страшно и проклето жално за загубата на сите жртви. Ова го има и кај нас.
Образовниот систем ни е ерозија, гледаат одвратни ријалити програми, насилни гејмерски игри, социјални мрежи кои сосема погрешно се користат. Во каков свет ни растат децата.
Сочувство, тажен ден за сите нас“.
https://www.facebook.com/bejbimama/posts/pfbid08McPuexZ76iQU3WXndcVtrNXYKvncVqAhzEY18RMWXZ75jx8RP2DVyBnDEqdnzfjl
С. С. | Црнобело