Лила во секси црвен костим за капење од плажа во Дубаи го честита 1-ви Мај
- Детали
- понеделник, 01 мај 2023
„Сè можете да ми кажете, што сакате кажете, ама како да си го живеам својот живот тоа не може никој да ми каже. Честит 1-ви Мај другари“, напиша Лила Филиповска на Инстаграм и објави фотка од плажа во Дубаи.
Лила Филиповска веќе неколку дена е во Дубаи.
Водителката оттаму споделува фотки и видеа, а со последната фотографија на своите следбеници на Инстаграм им го честита Денот на трудот, 1-ви Мај.
Лила е фотографирана на плажа, во црвен костим за капење.
„Сè можете да ми кажете, што сакате кажете, ама како да си го живеам својот живот тоа не може никој да ми каже. Честит 1-ви Мај другари“, напиша водителката на Инстаграм.
Со ова се сложија многу нејзини следбеници, кои ѝ коментираат дека е во право, но ѝ поделија и по некој комплимент, па велат таа дека изгледа одлично, како и секогаш.
Ова не е прво патување на Лила во Дубаи, но водителката секојпат вели дека се воодушевува од градот и неговата убавина.
Па освен што објави фотки и видеа како си поминува, од луксузот на Дубаи и хотелот каде што е сместена, таа откри и дека во Дубаи запознала девојка која ја застанала бидејќи сакала да се слика со неа.
„Секаде нè има“, вели Лила и ја објави фотографијата со својата обожавателка на Инстаграм Стори.
А. Ј. | Црнобело