Роденден во Франција, па во Грција: Елена Ристеска по 37-иот роденден откри каде славела низ годините
- Детали
- сабота, 29 април 2023
Елена Ристеска на 27-ми април го прослави 37-иот роденден, а сега откри каде славела низ годините и колку многу честитки добила.
„Пред два дена, на 27-ми април полнев 37 години, ви благодарам на сите за честитките кои непрестајно пристигнуваат овие денови.
37 години, 37 родендени, полни со изненадувања од најблиските, многу роденденски забави, ковид родендени, мирни семејни родендени, работно поминати родендени, роденден во Белград, во Аленсон-Франција, во Фиренца-Италија на екскурзија, во Монако со друштвото, во Грција, роденден во кафуле, во кафеана, покрај базен, дома, на ден Велигден, онлајн на видео кол со друштвото, онлајн со Бекстејџ, родендени со семејството и дување на свеќи со мојата внука Делфина, изненадувања под прозорец од другарките итн.
Најважно е да ги поминуваме родендените во добро здравје, со добра музика, добро друштво и среќни, благодарни и задоволни од животот. Другото е небитно. Ве сакам!“
С. С. | Црнобело