Ивана Кнез: „Нè учат да се плашиме од живот – пази што јадеш, пази со кого се дружиш, пази, пази...“
- Детали
- среда, 26 април 2023
„Во ‘новиот свет’ нè учат да се плашиме од живот. Пази што јадеш, миј раце, вежбај, пази како говориш, пази што мислиш, пази со кого се дружиш, пази кој ќе те види - не ти доликува на тебе тоа, пази каде одиш, пази, пази… и ползи, преживувај, молчи и трпи. СТОП!“, гласи дел од објавата на дизајнерката Ивана Кнез.
Дизајнерката Ивана Кнез е една од оние познати личности кај нас кои јавно говорат на сите теми.
Без разлика дали станува збор за нејзина лична ментална криза или пак за некоја општествена појава, таа секогаш јасно и гласно го кажува своето мислење.
Овојпат искрено проговори што ја нервира во „новиот свет“.
Нејзинaта Инстаграм објава, во која можеби ќе се пронајдете, гласи:
„Во ‘новиот свет’ нè учат да се плашиме од живот. Пази што јадеш, миј раце, вежбај, пази како говориш, пази што мислиш, пази со кого се дружиш, пази кој ќе те види - не ти доликува на тебе тоа, пази каде одиш, пази, пази… и ползи, преживувај, молчи и трпи.
Основна единица на вредност во новиот свет е потисната емоција, проблем пикнат под килим.
Е па пази, животот ќе ти помине додека ти преживуваш. И кога ќе дојде крајот веќе ќе е доцна за да почнеш да живееш.
Затоа ГЛАСНО и СВЕСНО побарај си ја назад слободата и посакај убавини за себе и за сите околу тебе.
Многу кратко време сме овде за да го поминеме во огорчен компромис, секогаш има подобар начин од оној кој тебе ти е безбеден.
Живеј без да полагаш сметки и сакај човеку, себе и сите околу тебе. Емпатично проследи ја убавината на секој ден, алчно запознавај нови убавини, вкусувај и љуби, безрезервно љуби“.