Миа Костова на патување од соништата низ Италија: „Ме чинеше 4.000-5.000 евра, Алберобело и Матера ме восхитија“

„Буквално сè за во Италија ми беше букирано од Македонија месец дена пред тргнување. Ваква тура со мали деца не знам дали би препорачала, индивидуално е. Андрија со свои скоро 11 години, па знае да е кенкав, уморен, да го боли глава, да е гладен... Но, вреди, Италија е рај!“, раскажува Миа Костова.

mia-kostova-na-patuvanje-od-sonishtata-niz-italija-me-chineshe-4-000-5-000-evra-alberobelo-i-matera-me-voshitija-01.jpg

Миа Костова со пријателката Тијана Скулиќ, со која се неразделни во последните неколку години, и со синот Андрија (11) веќе 10 дена е на патување од соништата во Италија.

Тие пристигнаа со траект таму, тргнувајќи од Албанија, а потоа со својот автомобил Миа посети дел од најубавите места во оваа држава.

Од бајковитото гратче Алберобело до живописното и светски познато Позитано, тие уживаа во убавините на Јужна Италија, а ја посетија и Тоскана. Недогледни лозја и врвно вино? Токму тоа!

mia-kostova-na-patuvanje-od-sonishtata-niz-italija-me-chineshe-4-000-5-000-evra-alberobelo-i-matera-me-voshitija-04.jpg

Оттаму Миа сними низа видеа како стигнале дотаму, откри што ѝ се допаднало најмногу и какви се цените, а сега одговараше и на прашања од своите следбеници на Инстаграм Стори.

Ги пренесуваме нејзините впечатоци и искуство...

Миа на Инстаграм споделува:

„Ние тргнавме од Валона за Бриндиси. Траектот со соба за спиење со три кревети и автомобил беше околу 285 евра. Патот трае околу 7 часа, пловењето е секогаш ноќно, од 23 часот до 6 наутро.

Е, сега на враќање ќе се качиме од Анкона накај Сплит. Траектот е околу 200 евра, исто така со соба, но пловењето е околу 12 часа.

Ноќното возење на траект не е превесело, но те совладува уморот, па ќе заспиеш неколку часа.

Буквално сè за во Италија ми беше букирано од Македонија месец дена пред тргнување.

Ваква тура со мали деца не знам дали би препорачала, индивидуално е. Јас искрено не би. Андрија со свои скоро 11 години, па знае да е кенкав, уморен, да го боли глава, да е гладен, да му се оди во тоалет, баш кога ќе седнеме, да се препоти заспан во кола итн.

Со две мали деца ваков пат и авантура на пример не би препорачала. Со авион е друго, ова е малку напорно, дури и за возрасна личност.

Тргнавме со мојот автомобил затоа што рент-а-кар за 10 дена во Италија не е воопшто наивна сума, а и не знам зошто авион и рент-а-кар, кога можам со мој автомобил и траект. Автомобилот знам дека не ми троши многу, а е и удобен.

Возењето воопшто не е напорно, ако знаеш да го организираш. Најдолгото возење досега ни беше 5 часа.

Тијана извозе сè сама. Во ниту еден момент не се сменивме со неа затоа што релациите се час, два, три... И не знам зошто се жалат, патиштата се писта.

Ова беше една тура со концентрација на помали, а преубави места во Јужна Италија, Амалфи брегот и на крај Тоскана. Мислам дека е доволно за во еден здив. Верувајте и да имате повеќе време, нема да имате сила.

Од сите места кои ги посетивме се заљубив во Јужна Италија, така што за омилени ќе ги прогласам Матера и Алберобело. Секое место е приказна за себе и буквално е убаво да се види сè што поминавме.

Фасцинирана сум од Јужна Италија. Околу менталитетот некако секаде се многу фини и гостопримливи, иако не знаат англиски, за разлика од Французите не се лути кога им зборуваш на англиски, па се трудат да одговорат. А местава што ги видов јужно се најубавите гратчиња што сум ги посетила во животот.

Трошоците засега ни се одвиваат така како што планиравме. За едно вакво патување со сместување, траекти, бензин и комплетно опуштање и уживање во ресторанчиња со храна и чаша вино чини околу 4.000-5.000 евра.

Најскапата порција тестенини која ја јадевме таму е во Амалфи, тестенини со морско, и чинеше 30 евра.

mia-kostova-na-patuvanje-od-sonishtata-niz-italija-me-chineshe-4-000-5-000-evra-alberobelo-i-matera-me-voshitija-03.jpg

Едно кафе во Матера чини околу 3-4 евра.

Корнет со две топки во Италија, зависно од локацијата, чини 5-7 евра.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова со моќна порака до сите мајки: „Материјалното не го воспитува детето – му требате вие!“ „Нека не ве фрустрира ако немате сè она што го гледате на Инстаграм или на ТикТо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg