Тијана Дапчевиќ објави фотки во розово монокини и без грам шминка од одморот во Египет со семејството – се пошегува за својот изглед
- Детали
- сабота, 15 април 2023
„Прасица во акција“ – напиша на шега Тијана на објавата од базен, облечена во розово монокини, додека ужива во одморот во Египет со своето семејство, а синот Вук ја фотографира. Таа последниве години е во топ-форма, откако претходно откри дека се борела со килограмите и по бременоста имала 115kg.
Тијана Дапчевиќ деновиве ги поминува на високи температури, на одмор во Хургада, каде ја придружува и нејзиното семејство.
Таа постојано споделува моменти од патувањето, а објави и неколку фотки и видеа во монокини, покрај базен.
На една од објавите, таа се пошегува за себе и напиша „Прасица во акција“, додека ужива покрај базен.
Во друго видео, со повеќе инсерти од одморот, таа напиша: „Сè ова сум го заслужила. Сакам да си заблагодарам на себеси“.
Сепак, таа е во одлична форма, откако неодамна во интервју откри дека по долгогодишните борби со диети, постојано слабеење и враќање на килограмите, со помош на нутриционист успеала да стигне до телесна тежина од 65 kg, која по бременоста со Вук изнесувала 115kg.
Прочитајте повеќе: Тијана Дапчевиќ (45) открива тајни за изгледот: „Не претерувам со затегање брчки, по бременоста имав 115kg“
Дапчевиќ го негува својот природен изглед и зрачи со самодоверба каде и да се појави.
Погледнете повеќе фотки од нејзиниот одмор во Египет:
М. М. | Црнобело