Перо Антиќ и Мачка, со синовите во прегратка, на натпревар на „Црвена ѕвезда“ во Белград (фото)
- Детали
- петок, 07 април 2023
Двајцата пријатели со своите наследници уживаа на кошаркарски натпревар, а најсимпатична сцена е кога малиот Дарен, синот на Мачка и Тамара Тодевска, спие во скутот на татко си.
Перо Антиќ со двата помали сина и Александар Димитровски Мачка, со синот Дарен (4) кој го има од бракот со Тамара Тодевска, беа на натпревар на кошаркарскиот клуб „Црвена ѕвезда“ во Белград.
Двајцата пријатели уживаа во атмосферата, а потоа се почестија и со заеднички оброк со нивните наследници.
Во еден миг на натпреварот се гледа како малиот Дарен спие во скутот на својот татко. Перо Антиќ, пак, даваше изјава за локалните медиуми.
Перо Антиќ очигледно има армија фанови во Србија, затоа што при влегувањето во салата сите го скандираа неговото име и го дочекаа буквално со стоечки овации.
U dvorani "Aleksandar Nikolić" je i Pero Antić. pic.twitter.com/qurkdbuchn
— Basketball Sphere (@BSphere7) April 6, 2023
Фотографии од настанот:
С. С. | Црнобело
фото: Инстаграм Перо Антиќ и Инстаграм КК Црвена ѕвезда