Девојче од Скопје, маскирано како кралицата Елизабета, беше хит на Инстаграм викендов - дури мавташе како неа
- Детали
- понеделник, 03 април 2023
3-годишната Фрида од Скопје со виолетов фустан и шешир, брош, црни чевлички и чанта комплетно го долови модниот стил на кралицата Елизабета. Таа дури и мавта на начинот по кој беше препознатлива кралицата. Уникатно, нели?
Фрида од Скопје е мала модна инфлуенсерка, со повеќе од 11.000 следбеници, која секоја година се појавува со уникатни маски за 1-ви Април, изработени од рацете на нејзината мајка.
Минатата година, таа беше хит на Инстаграм, маскирана како тогашната српска евровизиска претставничка Констракта, а годинава повторно поттикна лавина од реакции, маскирана како кралицата Елизабета.
Со специјално шиен фустан и шешир за оваа пригода, малата Фрида комплетно го долови модниот стил на кралицата.
Елизабета беше вистинска дама позната по костимите во силни бои, како и шапките и брошовите, кои ѝ беа омилени модни додатоци.
Исто така, беше препознатлива по начинот на кој мавта со раката и ги поздравува присутните на кралските настани, а сега токму во тој стил мавташе и Фрида.
Погледнете како изгледаше малата Фрида во улога на кралицата Елизабета:
Прочитајте и Девојче од Скопје, маскирано како српската евровизиска претставничка Констракта, е хит на Инстаграм
С. С. | Црнобело