Мини штрумфови шетаат низ трговски центар во Скопје + првоаприлските маски на децата на Македонците на Инстаграм
- Детали
- петок, 31 март 2023
Дечиња од скопска градинка прошетаа со групна маска како штрумфови, Маја Кикириткова ги маскираше децата во уникатни маски, ќерката на Сара Мејс и Димитар е принцеза-волшебничка. Како се маскираа децата во Македонија во пресрет на 1-ви Април?
Утрово улиците низ нашата земја беа преполни со животинчиња, ангелчиња, пеперутки, фудбалери, филмски ликови и многу други маски низ кои ѕирка детската радост и насмевка.
Градинките и училиштата денес имаат активности и маскенбали по повод утрешниот ден, 1-ви Април, а многу Македонци ги објавија маските на нивните деца на Инстаграм.
Во трговски центар во Скопје, главна атракција беа група мини штрумфови, од градинката „Светот на Колорес“, што секоја година ги маскира децата тематски.
Posted by Biljana Karamanolevska on Friday, March 31, 2023
Од децата на славни личности, до оние на инстаграмџики кои се познати во светот на мајките, погледнете какви маски избраа некои од дечињата за овогодишниот маскенбал.
Највпечатливите маски на Инстаграм:
Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски
фото: Инстаграм - Димитар Атанасовски
Децата на Сања Ристиќ и Дејан Пецаковски
Синовите на Перо Антиќ
фото: Инстаграм - Перо Антиќ