Заврши хуманиот потег на ДНК за лицитација за статуетката од Златна бубамара - Македонец донираше 31.000 денари
- Детали
- среда, 29 март 2023
Браво Антонио! Македонец кој живее во странство донираше во хуманитарни цели, победувајќи на лицитацијата за статуетката на ДНК за најпопуларна група, освоена на Златна бубамара на популарноста. Неговото семејство ја подигна статуетката...
фото (средина долу): Стефан Рајхл
Кога станува збор за хуманитарни акции, тогаш ДНК се неуморни.
Нашите Панчо и Андреј на Златна бубамара на популарноста 2023 добија награда за најпопуларна група, а статуетката којашто им беше доделена на оваа манифестација одлучија да ја стават на лицитација.
Лицитацијата одлучија да ја направат со цел да соберат средства за хуманитарни цели.
Најубаво од сè е што нивната идеја успеа и еден хуман Македонец донираше 31.000 денари, коишто ќе бидат наменети за хуманитарната организација „Марко Божиновски“.
ДНК открија дека самиот Антонио Сандевски не бил во можност за присуствува, но затоа се сретнале со неговото семејство на кое ја предале статуетката и сега срцето им е полно.
Објавите на Фејсбук за целата хумана акција на ДНК гласи:
„Драги наши... Наградите отсекогаш биле добредојдени за еден уметник како мало признание за трудот и сме преблагодарни на Ранко Петровиќ и Златна Бубамара за дадената награда и укажаната чест за истата.
Оваа наша награда решивме да ја ставиме на ‘лицитација’ и средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за фондацијата „Марко Божиновски,“ која помага на сите оние места и фамилии каде што е потребно и каде што државата нема слух за истите.
Почетната цена на статуетката ќе биде 6.000 денари и искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе. Сопственик на статуетката ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума (напишана во коментар), а статуетката ќе биде предадена лично од нас во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот најнов албум „ДВАЕСЕТ“ и ДВД издание од јубилејниот концерт одржан во арената „Борис Трајковски”.
Ви благодариме за вниманието и би ве замолиле да го споделите статусот се со цел да стигне до што поголем аудиториум.“
Потоа тие споделија:
„Заврши лицитацијата за наградата Златна Бубамара, која решивме да ја дадеме на оној кој ќе понуди најмногу, со цел да донираме во фондацијата „Марко Божиновски“. Највисоката дадена понуда изнесува 31.000 денари, а ни доаѓа од господинот Антонио Сандевски на кој сме му бескрајно благодарни.
Ви благодариме и на сите останати кои доставивте понуди, со што уште еднаш покажавте дека Македонците се и тоа како хуман народ.
Сега веќе и официјално ја завршивме акцијата преку која сите Вие ја покажавте вашата хуманата страна.“
фото: Стефан Рајхл
И третата и нива последна објава како заокружување на акцијата гласи:
Наградата Златна бубамара за група на годината која неодамна ја освоивме, заврши во рацете на родителите на Антонио (човекот не можеше лично да ја подигне бидејќи живее во странство), кој понуди највисока сума на лицитацијата.
Целиот износ замина во фондацијата „Марко Божиновски“, односно кај мајката на Марко – Сашка, која најдобро знае каде средствата се најпотребни.
Уште еднаш сакаме да искажеме огромна благодарност до Антонио за неговата хуманост, како и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата.“
фото: Стефан Рајхл
фото: Стефан Рајхл
фото: Стефан Рајхл
С. С. | Црнобело