Наша, а светска – Нина Ред издоминира со моќен танц облечена во бело, со ангелски крилја, на модна ревија
- Детали
- петок, 24 март 2023
Нашата водителка, позната како Нина Ред, ја покажа својата уметничка страна и ги остави со подзинати усти сите со моќниот перформанс со огромни ангелски крилја на себе, на ревијата на Ива Спасовска. За CRNOBELO.com таа вели: „Женствената, сексапилната енергија што ја имаме, е згасната, толку потисната со векови наназад, време е да си ја вратиме живоста, да се вратиме на тоа што сме - жени“.
Покрај моделите и нашите музичари кои настапија на модната ревија на Ива Спасовска вчеравечер (23.03.2023), на пистата издоминира и нашата водителка и новинарка, Николина Славковска, позната како Нина Ред, чија долгогодишна љубов е токму танцувањето.
Таа имаше моќен танцувачки перформанс, со кој ја отвори ревијата, облечена во бело и со огромни ангелски крилја на себе, согласно темата на шоуто.
Публиката беше воодушевена од нејзиниот настап и доби многу позитивни критики и споделувања на социјалните мрежи, а за стајлингот, Нина за CRNOBELO.com открива дека крилјата не биле тешки, но морала да биде многу внимателна со нив.
За CRNOBELO.com Нина опиша како го доживува овој женствен и моќен настап, какво било чувството и дека не ѝ била потребна спремна кореографија.
„Ќе бидам искрена и ќе кажам дека добивам впечаток дека женствената, сексапилната енергија што ја имаме сите ние длабоко во себе, нешто што природно ни е дарено од, сакате кажете Господ, Универзум ли е - згасната е, толку потисната со векови наназад, да ние како битија не постоиме.
Нѐ нема, немаме жар во очите. Влезени сме во шаблонот и сме она што другите сакаат да бидеме. Природата се противи, време е да си ја вратиме живоста, да се вратиме на тоа што сме - жени.
Ако ми верувате никогаш претходно не сум се чувствувала толку самоуверено. Знам што правам, знам што сакам и чувството е прекрасно! Не знам што ми требаше толку време (се смее).
За првпат во една работа да немам страв, ниту трема, самата енергија ме водеше, затоа тоа изгледаше како што изгледаше. Кореографијата не ја составував, не ја мислев, го оставив умот на страна и се препуштив на моментот.
Дефинитивно кога го правиш она што го сакаш, изворот сам те води. Секогаш знае што треба да направи следно, а ти само слушаш“.
Не можам да ви опишам колку сум ѝ благодарна на Ива Спасовска што ми го пружи ова искуство да бидам јас - јас. На јавноста сум ѝ позната како новинар и водител и некако потајно ја криев таа уметничка страна од себе.
Со сигурност имав страв од визијата, нормално, само ти ја гледаш и сега како да ја кажеш на другите, а е неопиплива материја. Тука почнува премислувањето, она како луѓето ќе ме гледаат, што ќе кажат, меѓутоа знаете што сфатив?
Во животот некогаш одвнатре откуцува часот, доаѓа оној порив, лавовски момент за промена од корен, она кога на себе си велите „Е доста е, време е да бидеш тоа за што си предодрена да бидеш“ и тоа се случува. Се беше магично. Ова е еден мал почеток на сѐ што подготвувам“.
M. M. | Црнобело