„Дневно има и по 400 повици, на телефон одговараат само лекари“ – јутуберката Анастасија (10) сними видео од Брзата помош во Македонија

Од пациенти коишто се јавуваат само за главоболка до сериозни случаи каде што животот навистина е загрозен - тимовите на Итната медицинска помош во Македонија добиваат најразлични повици, а младата јутјуберка Анастасија (10) направи видео во кое откри како функционира оваа мошне битна институција кај нас.

dnevno-ima-i-po-400-povici-na-telefon-odgovaraat-samo-lekari-jutuberkata-anastasija-10-snimi-video-od-brzata-pomosh-vo-makedonija-01.jpg

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа диспечерскиот центар на Брзата помош, кој ги прима вашите повици и зошто некогаш ви поставуваат многу прашања?

Нашата јутјуберка Анастасија (10) на својот канал објави видео снимено со докторката Маргарета Атанасовска Трипуновска, која е шеф на смена во Итната медицинска помош.

dnevno-ima-i-po-400-povici-na-telefon-odgovaraat-samo-lekari-jutuberkata-anastasija-10-snimi-video-od-brzata-pomosh-vo-makedonija-02.jpg

Анастасија е 10-годишно девојче со потекло од Македонија, кое неколку години наназад со своето семејство живее во Германија, но редовно објавува видеа на својот YouTube канал во кои раскажува за богатата историја на нашата земја, но честопати прави и едукативни видеа за тоа како функционираат некои од поважните институции во нашата држава.

dnevno-ima-i-po-400-povici-na-telefon-odgovaraat-samo-lekari-jutuberkata-anastasija-10-snimi-video-od-brzata-pomosh-vo-makedonija-06.jpg

Во изјава за CRNOBELO.com, Анастасија ни откри дека за големиот христијански празник Велигден снимила интервју со Џина Папас Џокси, а голема желба ѝ е еден ден да сними видео со претседателот на нашата земја за да им покаже на нејзините следбеници како вообичаено изгледа еден негов работен ден.

dnevno-ima-i-po-400-povici-na-telefon-odgovaraat-samo-lekari-jutuberkata-anastasija-10-snimi-video-od-brzata-pomosh-vo-makedonija-03.jpg

Прочитајте и Браво! Анастасија (9) од Скопје живее во Германија и снима едукативни видеа за Македонија, горда на своите корени

dnevno-ima-i-po-400-povici-na-telefon-odgovaraat-samo-lekari-jutuberkata-anastasija-10-snimi-video-od-brzata-pomosh-vo-makedonija-05.jpg

Неодамна Анастасија сними видео заедно со тимот на Итната медицинска помош, а на нејзините прашања одговараше докторката Маргарета Атанасовска Трипуновска.

Во ова видео многумина за првпат имаат можност да погледнат како изгледа диспечерски центар на Итната медицинска помош, а докторката појасни како функционира системот во Македонија и што се случува кога луѓето се јавуваат да побараат помош таму.

dnevno-ima-i-po-400-povici-na-telefon-odgovaraat-samo-lekari-jutuberkata-anastasija-10-snimi-video-od-brzata-pomosh-vo-makedonija-06_copy.jpg

Граѓаните во Македонија може да побараат помош на два броја, 194 и 112.

Ако се јавите на 194 тоа значи дека директно барате помош во диспечерскиот центар на Итната медицинска помош, додека од 112 се јавуваат во Центарот за управување со кризи, од каде што треба да почекаат да бидат упатени во Итната медицинска помош.

„Бројката на граѓани кои се јавуваат во текот на денот е многу голема. Таа понекогаш се движи од 300 до 400 повици. Потоа од тие повици, ние докторите, затоа што секогаш на линијата 194 седат доктори коишто имаат долгогодишно искуство, имаме одреден број на прашања коишто им ги поставуваме на пациентите за да можеме да дознаеме каква е моменталната состојба на пациентот и за да дознаеме дали се работи за итен случај. Бидејќи Брзата помош е служба, оди само таму каде што е загрозен животот“ – појаснува докторката.

dnevno-ima-i-po-400-povici-na-telefon-odgovaraat-samo-lekari-jutuberkata-anastasija-10-snimi-video-od-brzata-pomosh-vo-makedonija-07.jpg

Таа вели дека некогаш има луѓе што се јавуваат само за лекарски совет, па ако имаат време им даваат, а ако не ги упатуваат кон матичните лекари.

„Се јавуваат некогаш и за најбанални работи, ако имаат температура, ако ги боли глава, ако ги боли тело. Значи тоа се секојдневни прашања за коишто бараат совет што да преземат.

Но, секако кај нас се јавуваат и сите оние коишто имаат сообраќајни незгоди, коишто имаат незгоди од пад од висина, или пак болка во градите која што може да биде симптом за посериозна состојба како срцев удар или кои што имаат мозочен удар.

Значи тоа се луѓе коишто не можат сами да отидат во болница и бараат помош на лице место, лекар да ги прегледа“ – појаснува докторката.

dnevno-ima-i-po-400-povici-na-telefon-odgovaraat-samo-lekari-jutuberkata-anastasija-10-snimi-video-od-brzata-pomosh-vo-makedonija-10.jpg

Анастасија имаше можност да сними и како изгледа внатрешноста на возилото на Брзата помош и да добие одговори на повеќе прашања поврзани со него.

dnevno-ima-i-po-400-povici-na-telefon-odgovaraat-samo-lekari-jutuberkata-anastasija-10-snimi-video-od-brzata-pomosh-vo-makedonija-11.jpg

Погледнете го нејзиното видео во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg