Браво! Анастасија (9) од Скопје живее во Германија и снима едукативни видеа за Македонија, горда на своите корени
- Детали
- среда, 19 октомври 2022
Горди сме кога ќе видиме како децата што се преселиле од татковината прават сѐ за да ги промовираат убавините на нашата земја, а таква е и 9-годишната Анастасија која со своите видеа за Македонија на YouTube покажува колку е горда на сопствените корени и потекло.
Запознајте ја 9-годишната Анастасија. Таа е девојче со потекло од Македонија кое на својот YouTube канал објавува видеа во кои говори на германски јазик, а ги запознава своите следбеници со убавините на нашата земја.
Иако одлично го говори германскиот, Анастасија течно зборува и македонски јазик.
Горда на своите корени и потекло, Анастасија објавува едукативни видеа во кои раскажува за богатата историја на нашата земја, ги запознава своите следбеници со убавините на Македонија и секако прави интервјуа со повеќе познати македонски личности.
Во некои од видеата нејзини гости беа Стефан и Мартин од Next Time, уметницата Анжелика Колева, како и магионичарот Кристиан Шопов.
Нејзините следбеници имаат можност да погледнат видеа и за Милениумскиот крст, за Дино Парк или пак да се запознаат со убавините на Свети Наум.
Освен што објавува видеа на YouTube Анастасија има и свој Инстаграм профил каде редовно објавува фотографии и видеа од местата што ги посетила со нејзините родители.
Погледнете дел од нејзините фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело