„Пред да си одам дома, застанав во пекарницата да ги потрошам преостанатите пари, некои 400 леки или 4 евра, да купам печива за по пат. Излегов со 3 полни ќеси сендвичи, кифлички , лепчиња, плетенки, полнети печива со сирење, чоколадо. 'Подарок за среќен пат', рече со насмевка дечкото од Ѓаковица и ме остави шокиран и без зборови“, стои во објавата на српскиот турист.