Девојката на Милош Биковиќ провокативна во бел фустан, Милош со хит фотка - парот ужива на островот Парос во Грција (фото)
- Детали
- вторник, 01 август 2023
„Мачка нагоре, мачка надолу“ – напиша девојката на Милош Биковиќ, Ивана Малиќ до фотографијата во која чекори во провокативен бел фустан на одморот во Парос, Грција.
Српскиот актер Милош Биковиќ деновиве ужива на островот Парос во Грција, со својата девојка Ивана Малиќ. Инаку, ова е втор одмор на познатиот српски пар во последниот месец.
Претходно Милош и Ивана беа на патување во Москва, поради работните обврски на Милош, но и на одмор и на друга егзотична локација.
По краткиот престој во Белград, отпатуваа на грчкиот остров Парос од каде објавија повеќе фотографии.
Ивана и Милош објавуваат фотки од нивните прошетки по препознатливата калдрма и живописната архитектура надополнета со прекрасната розова боја на цвеќињата.
Биковиќ ја фотографираше својата девојка Ивана Малиќ додека таа стоеше во познатото кафуле „Simposium“, а се пошегува и за гаражата која се наоѓа во непосредна близина до кафулето, па напиша:
„Кој ви го направил ова вака?“.
Ивана, пак, објави повеќе фотки на Инстаграм, а посебно привлече внимание со фотографијата на која се шета во бел смел фустан со разголен грб по скали, а Милош ја фотографира:
„Мачка нагоре, мачка надолу“ – напиша таа.
Погледнете уште неколку фотографии од Милош и Ивана во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело