Дали Анастасија Ражнатовиќ ќе го промени презимето? Откриени нови детали за свршувачката на ќерката на Цеца
- Детали
- недела, 30 јули 2023
„Започнува ново поглавје “ – му порача Анастасија Ражнатовиќ на својот свршеник Немања Гудељ на Инстаграм. По видеото од запросувањето Анастасија објави нови фотки од парот и откри дали ќе го промени презимето по стапувањето во брак.
Ќерката на фолк дивата Цеца, Анстасија по видеото од вечерта кога нејзиниот партнер ја запросил објави уште неколку фотки на кои се гледа дека парот не можел да ја скрие радоста.
Анастасија и Немања се насмеани и вљубени на сите фотографии, направени за време на интимната вечера кога тој ја побара за жена.
Покрај големиот број коментари од следбениците, на фотографиите коментираше и Немања, кој накратко само напиша: АГ, со што алудираше дека Анастасија по свадбата ќе го промени и презимето, а на што ќерката на Цеца одговори:
„Започнува ново поглавје“
Инаку, за потсетување, изминатиот период беше навистина тежок за младиот пар, но тие беа нераздвојни за време на сите падови што им ги приреди животот.
Прво братот на Немања, Драгиша имаше застој на срце и го оживуваа на фудбалскиот терен, а набрзо потоа ја загубија неродената ќерка во петтиот месец од бременоста.
Прочитајте и Цеца беше згрозена од нејзиното однесување на 14 години, спортистите ѝ беа слабост - Бурното љубовно минато на Анастасија Ражнатовиќ
Погледнете уште неколку фотки од романтичната вечера на Анастасија и Немања:
Б. С. Б. | Црнобело