Хрватка со фотографија од нејзините вљубени родители покажува зошто ѝ се толку високи критериумите во љубовта
- Детали
- петок, 28 јули 2023
„Зошто моите критериуми кон љубовта и партнерите се толку високи? Затоа што израснав со ваква слика, неисценирана. Ги сликав моите мајка и татко, такви какви што се во последните 53 години. Тој спонтано ѝ пријде и ја бакна...“, вели Романа Опачиќ од Загреб.
Романа Опачиќ од Загреб, Хрватска повеќе од 3 децении живее и работи во Германија во областа на психологијата, а и сега работи како лајф коуч.
Таа на својот Инстаграм профил постојано споделува нејзини ставови и мудри мисли, но сепак најмногу внимание поттикна со фотографијата од нејзините вљубени родители, која ја објави минатата година, но постојано се навраќа на неа.
Нејзините родители, иако се на поодмината возраст, изгледаа вљубено, а татко ѝ ја бакнува мајка ѝ во чело.
Описот на Романа на оваа фотографија, во кој ќе се пронајдат многу девојки и жени гласи:
„Зошто моите критериуми кон љубовта и партнерите се толку високи? Затоа што израснав со ваква слика, неисценирана. Ги сликав моите мајка и татко, такви какви што се во последните 53 години.
Тој спонтано ѝ пријде и ја бакна, 53 години почит, разбирање и голема љубов.
Тоа што сме го гледале како деца, често го бараме и очекуваме дека и за другите тоа е нормално“.
С. С. | Црнобело