Инспиративна Србинка ја храни новородената ќерка иако нема раце – емотивно видео од „Девојката со крилја“
- Детали
- петок, 03 март 2023
„Кога те гледам се срамам да кажам дека нешто не можам“ - ова е само еден од големиот број позитивни коментари што „Девојката со крилја“ која е родена без раце ги доби на социјалните мрежи. Таа објави видео на кое покажа како успева да ја нахрани новородената ќеркичка која е стара само една недела.
Дејана Бачко од Нови Сад е девојка без раце, но со големи соништа, која е една од најинспиративните жени во регионот и редовно покажува дека таа не дозволува хендикепот да ја ограничи и да ја спречи да го живее животот со полн здив.
Дејана на Инстаграм е позната како „Девојката со крилја“, а неодамна (на 24.02) таа објави на социјалните мрежи дека станала мајка и дека со партнерот го доби своето прво дете.
Нејзините следбеници непосредно по породувањето ги видоа фотографиите на кои таа не можеше да ја гушне својата ќерка, но затоа цврсто ја држи на градите.
Денес (03.03) Дејана објави ново видео на кое се гледа како без раце успева со шишенце да го нахрани детето кое е потпрено на нејзиното тело и ужива во близината и топлината на својата мајка.
Новото бебенце и првото хранење се вистински предизвик за секоја мајка, но Дејана покажува дека кога за нешто се има голема желба, тогаш може да се најде и начин.
„Ме трогнува убавината на твоето мајчинство“, „Кога ќе видам вакво нешто секојпат ми доаѓа сама себеси да си плеснам шамар кога ќе речам дека нешто не можам, дека ми е тешко или дека сум уморна“, „Браво храбра жено“, „Прекрасно е да ве гледаме како сте среќни“ – стои во дел од коментарите.
Погледнете го видеото:
Б. С. Б. | Црнобело