Хрватската Меган Фокс плени со својата убавина – Која е Денис Гргиќ?
- Детали
- недела, 05 март 2023
Небесно сини очи, долга црна коса и полни усни... Денис Гргиќ во 2018-та година беше прогласена за најубавата хрватска навивачка, а во регионот е позната и како хрватската Меган Фокс. Погледнете повеќе фотографии за да се уверите во сличноста.
Таа е успешна академска сликарка и инфлуенсерка, а регионалните медиуми ја нарекуваат хрватска Меган Фокс, заради големата физичка сличност со познатата холивудска актерка.
Нејзиниот профил на Инстаграм го следат над 88.000 следбеници, a внимание привлекува заради големата сличност со познатата холивудска актерка Меган Фокс. Денис Гргиќ е академска сликарка од Хрватска.
„Во моето семејство ликовната уметност има посебна вредност, а сликарството ни е составен дел од животот. Многу рано се гледаше дека и јас го наследив тој талент“ – рече таа во една прилика.
Додека студирала, Денис работела на сценографиите на театрите во Загреб, а исто така честопати била ангажирана да работи и во неколку музички спотови на познати хрватски ѕвезди.
Во 2018-та година по Светското првенство во Русија беше прогласена за најубава хрватска навивачка.
Таа наскоро треба да учествува во хрватското шоу „Ples sa zvezdama“ а на Инстаграм објавува фотографии од себе.
Погледнете дел од нив:
Б. С. Б. | Црнобело