Данијела Мартиновиќ (51) има нов дечко, по разделбата со Петар Грашо: „Тој е криминалистички инспектор, го запознав случајно“

„Првата средба се случи пред околу една година, кога мојата адвокатка поднесе пријава за крадење на идентитет преку интернет. Случајот брзо беше решен, но сè започна со еден непланиран телефонски повик...“, вели Данијела Мартиновиќ (51).

danijela-martinovikj-51-ima-nov-partner-po-razdelbata-so-petar-grasho-toj-e-kriminalistichki-inspektor-go-zapoznav-sluchajno-01.jpg

Пејачката Данијела Мартиновиќ (51) во новото интервју за хрватскиот магазин „Gloria“ откри дека има нова љубов.

По повеќе од две децении љубов со Петар Грашо и разделба, која бурно беше следена од медиумите во цел регион, Данијела конечно ја пронајде својата нова „безбедна прегратка“.

danijela-martinovikj-51-ima-nov-partner-po-razdelbata-so-petar-grasho-toj-e-kriminalistichki-inspektor-go-zapoznav-sluchajno-02.jpg

Петар Грашо брзо по разделбата стапи во брак со Хана и добија дете, но сега и Данијела конечно врти нова страница.

Таа откри дека е во љубовна врска со 49-годишниот криминалистички инспектор Јосип Плавиќ.

danijela-martinovikj-51-ima-nov-partner-po-razdelbata-so-petar-grasho-toj-e-kriminalistichki-inspektor-go-zapoznav-sluchajno-03.jpg

За својата љубовна врска во неодамнешното интервју Данијела открива:

„Првата средба се случи пред околу една година, кога мојата адвокатка поднесе пријава за крадење на идентитет преку интернет.

Случајот брзо беше решен, но потоа почна да се развива нашата приказна. Сè започна со еден непланиран телефонски повик, потоа почнавме да разговараме и да забележуваме дека делиме исти вредности, погледи на животот и светот околу себе.

Кога вака необични околности ќе им се случат на двајца комплетни странци, кои дотогаш воопшто не знаеле еден за друг, личи на филмско сценарио.

Минуваме низ убави мигови заедно и сакам нашата приказна да трае.“

Прочитајте и Петар Грашо (45) и неговата сопруга Хана Хуљиќ (31) добија бебе, два дена по 51-виот роденден на Данијела

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По разделбата со Бака Прасе, Ања Бла си обезбеди нов стан и се пофали со луксузот (видео) Ања Бла изгледа дека по разделбата со Бака Прасе, тргна по неговите стапки, па с...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...
Помалку познати факти за Петар Грашо – има луксузен комплекс со апартмани, Оливер Драгојевиќ го оттр... Сигурно знаете које Петар Грашо, но дали знаевте дека во последен мимент одлучил...
Сопругата на Петар Грашо пак е бремена – пејачот од Скопје ги потврди убавите вести Пред помалку од 2 години ја добија ќеркичката Алба, а сега Петар Грашо потврди д...
„Сакам уште внучиња, но треба да почекам“: Тончи Хуљиќ по гласните дека ќерка му Хана повторно е бре... Низ хрватските медиуми брзо се прошири веста дека Петар Грашо повторно ќе стане ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg