Сведоштво од преживеани за страшниот судир на возови во Лариса, Грција: „Се превртувавме, вагонот гореше“ (фото+видео)
- Детали
- среда, 01 март 2023
„Тоа беше огнена ноќна мора, ништо не се гледаше од чадот“ – велат преживеаните во страшниот судир на возови што се случи во Лариса, Грција. Вознемирувачки видеа и фотографии од несреќата во која животот го загубија околу 38 лица.
Во северниот дел на Грција, во Лариса имаше железничка несреќа, во која според последните податоци (од 8 часот утрово) животот го загубија најмалку 38 лица, а околу 85 се повредени. Несреќата се случила вчера (28.02) на само неколку минути пред полноќ, на излез од тунел.
Патничкиот воз во кој имало стотици патници удрил во друг товарен воз, при што неколку вагони се превртеле, а еден од нив се запалил.
Во патничкиот воз имало воглавно студенти кои патувале од Атина кон Солун, по продолжениот викенд во Грција.
Преживеаните сведочат дека дел од патниците излетале од возот на вагоните за време на судирот, а дел од нив се бореле за да се ослободат од смачканите вагони.
Спасувачите во текот на целата ноќ работеле на извлекување на преживеаните патници.
„Насекаде имаше разлетани парчиња железо. Вагоните беа целосно уништени, како од патничкиот, така и од товарниот воз. Луѓето секако беа преплашени, не знаеја каде се наоѓаат“ – вели за Ekathimerini Василис Полизос, еден од жителите кој бил меѓу првите присутни на местото на несреќата.
„Тоа беше огнена ноќна мора, ништо не се гледаше од чадот. Се превртувавме во вагонот сѐ додека не се преврте и тој целосно. Потоа настана паника и изби пожар, насекаде околу нас имаше оган“ – вели за Reuters 28-годишниот Стергиос Миненис кој е меѓу преживеаните што успеале да побегне од оштетените вагони.
Погледнете неколку видеа од местото на несреќата:
VIDEO: Death toll rises in Greek train crash.
— AFP News Agency (@AFP) March 1, 2023
At least 32 people were killed and another 85 injured after a collision between two trains caused a derailment near the Greek city of Larissa pic.twitter.com/a4xc4F1zKM
https://twitter.com/67Morgana/status/1630822126839123969
My thoughts & prayers are with the people of #Greece #Larissa after a tragic train accident took the lives of 32 people & many injured. My deepest condolences to the victims’ families & wishing a speedy recovery to those injured #Solidarity @GreeceMFA 🇻🇪🇬🇷pic.twitter.com/Jednv64IEE
— Nelson Dordelly Rosales, Ph.D/LL.D (@nelsondordelly) March 1, 2023
Б. С. Б. | Црнобело