Алекса Перовиќ ќе се натпреварува во шоуто „Survivor“ - предизвик среде џунгла во Доминиканската Република
- Детали
- вторник, 28 февруари 2023
„Прв натпреварувач кој ќе биде дел од новата сезона е Алекса Перовиќ, некогашен учесник на шоуто X-фактор Адриа и Ѕвездите на Гранд, каде е избран за најдобар натпреварувач според гласовите на жирито...“, најавија од Survivor 2023, за пејачот кој неодамна се раздели со сопругата.
Алекса и дел од другите натпреварувачи за 2023-та
По огромниот успех на минатогодишното издание, повторно ќе го гледаме српско-хрватското реално шоу „Survivor“.
Напреварувачите од овие земји во сурови услови среде џунгла во Доминиканската Република ќе се натпреваруваат и ќе ја мерат својата физичка, но и психичка сила.
Првиот член на српскиот тим кој беше претставен е Алекса Перовиќ од Краљево.
Тој се прослави на само 17 години во регионалното музичко шоу „X Фактор“, истата година кога се натпреваруваше и нашиот Даниел Кајмакоски, а сега е сопруг и татко на 2 деца, но неодамна откри дека работите во неговиот брак не одат најсјајно и се разделуваат со сопругата.
На Инстаграм профилот на шоуто од страна на Србите беше објавено:
„Прв натпреварувач кој ќе биде дел од новата сезона е Алекса Перовиќ, некогашен учесник на шоуто X-фактор Адриа и Ѕвездите на Гранд, каде е избран за најдобар натпреварувач според гласовите на жирито.
Сепак, музичката сцена не е исто што и дивината во Доминиканската Репулбика, па за Алекса новата авантура во оваа егзотична земја ќе биде вистински предизвик.“
Претставувањето на Алекса Перовиќ:
Запознајте ги сите натпреварувачи за 2023 од српскиот тим:
Потсетете се на минатогодишното шоу, каде второпласирана заврши некогашната кошарка Милица Дабовиќ, a на првото место се најде истрајниот и ведар Стефан Невистиќ, вработен во Црвен Крст.
Ако гледавте лани, тестирајте се со овој квиз „Survivor“ квиз: Колку внимателно го гледавте ова натпреварувачко шоу?
С. С. | Црнобело