„Зошто се опседнав со гледање на шоуто ‘Survivor’ периодов (иако нема македонски учесници)?“
- Детали
- среда, 30 март 2022
Македонија, за жал, нема свој претставник, како што некогаш беа раперот Тони Зен и актерката Ана Стојановска, но српско-хрватското шоу дефинитивно е забавно и вреди да ја гледате новата сезона. Натпреварувачите во сурови услови во Доминиканската Република ја покажуваат својата физичка, но и психичка сила...
Го сакате ли шоуто „Survivor“ (Преживеан)? Реално шоу сосема поинакво од другите, реално шоу во кое се тестира физичката сила, издржливоста, упорноста, но и психичката сила да се поднесе животот со група непознати луѓе во сурови услови среде џунгла.
Периодов нова сезона од ова шоу се емитува повторно, на српска (секој работен ден од 21:15) и хрватска телевизија (секој ден од 22:15).
Македонија, за жал, нема свој претставник, како што некогаш беа раперот Тони Зен и актерката Ана Стојановска, но шоуто дефинитивно е забавно и вреди да го гледате.
Регионалното шоу „Survivor“ годинава собра на едно место многу луѓе oд Србија и Хрватска на егзотичен остров во Доминиканската Република.
Од поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ, до пејачката Ивана Банфиќ, која за жал испадна поради повреда, па до фитнес тренери како Горан Шпалета, но и келнери како Владимир Говедарица, кој изненадувачки се покажа како еден од најдобрите натпреварувачи во игрите, во шоуто има многу учесници.
Потоа има студентка, каратистка, девојка што игра хокеј на трева, рагби играч и низа други профили на луѓе, секој од нив инспиративен на свој начин.
Зошто ова шоу е најдобрата работа на малите екрани периодов?
Затоа што е забавна програма полна со тешки физички задачи, но и ментални предизвици.
Затоа што не промовира насилство, ниту личности со сомнителни морални вредности.
Затоа што се промовира тимската работа, поддршката на соиграчите, меѓусебното бодрење.
Затоа што не се казнуваат грешките и падот на енергијата, туку со заеднички сили тимот се обидува да се справи со предизвиците.
Затоа што учесниците ги тестираат своите граници, без доволно храна и далеку од својот дом.
Затоа што се дели храната и се развива емпатија.
Затоа што е совршена телевизиска програма за сите генерации и може семејно да се гледа.
Како изгледаат игрите:
С. С. | Црнобело