„Разводот е смрт без умирање“ - Данијела Димитровска за првпат проговори за разводот со Огњен Амиџиќ
- Детали
- четврток, 23 февруари 2023
„Разводот е една од најболните работи кои можат да им се случат на луѓето. Во најтесниот круг на пријатели, кога се шегувам, велам дека тоа е смрт без умирање. Тoa ве боли премногу и кога ќе умрете тоа е крај, но ова само ве боли...“, споделува Данијела Димитровска, српскиот модел со македонско потекло.
Српскиот модел Данијела Димитровска, со македонско потекло, и водителот Огњен Амиџиќ ставија крај на бракот по 10 години, во јули 2022.
Парот има син, а Огњен веќе говореше јавно како се справува со тоа.
Но, Данијела која секогаш е насмеана и скептична за отворање на душата во јавноста, во едно ТВ гостување за првпат проговори на темата.
„Разводот е една од најболните работи кои можат да им се случат на луѓето. Во најтесниот круг на пријатели кога се шегувам велам дека тоа е смрт без умирање.
Тoa ве боли премногу и кога ќе умрете тоа е крај, но ова само ве боли. Сè додека не помине таа болка, а никој не знае кога ќе престане, нема напишано правило за тоа.
Сè е право на избор и благодарна сум му на Бога што имаме право да бираме со кого ќе се венчаме, но и кога ќе се разведеме, ако го сакаме тоа...“, изјави таа.
Данијела додаде дека потекнува од патријахално семејство и дека нејзините родители се заедно веќе 37 години.
Вели дека за развод размислувала долго време и дека одлуката ја донела дури тогаш кога била комплетно сигурна дека тоа е вистинскиот избор.
Инаку, парот соопшти дека ќе се разведува во јули 2022 година.
Се имаат запознаено во 2009 година на снимањето на емисијата на Огњен. Тогаш Огњен бил во брак, а таа во сериозна врска, но веќе наредната година почнале секаде да се појавуваат заедно и да кажуваат дека се во врска.
Погледнете го гостувањето на Данијела:
Потсетете се на гостувањето на Данијела кај Огњен во 2009 година:
Прочитајте и Огњен Амиџиќ за првпат јавно за разводот од сопругата со македонско потекло: „Тешко го прифатив, учам да се снаоѓам“
С. С. | Црнобело