Првиот дечко ѝ загинал, има дует со Врчак: Факти за Анабела Атијас, позната како Фанки Џи и мајка на Луна Џогани
- Детали
- сабота, 04 февруари 2023
Била многу млада кога го загубила првиот дечко кого многу го сакала, доживеала вистинска траума кога пијан возач удрил во автомобилот во кој ѝ биле двете ќерки, а многумина ја помнат и како првата сопруга на Гаги Џогани – Факти за Анабела Атијас од „Фанки Џи“.
Македонската публика ја знае како членка на групата Фанки Џи и како поранешна сопруга на Гаги Џогани, но Анабела Атијас важи за една од најубавите, но и најскандалозните српски пејачки на сите времиња.
Во продолжение неколку интересни факти за неа што можеби не сте ги знаеле:
Била родена во 1975-та година, во градот Горажде во Босна и Херцеговина, како Анабела Буква. Татко ѝ бил Босанец, а мајка ѝ Србинка, но кога имала само 3 години нејзините родители одлучиле да се разведат.
Разводот бил финализиран кога Анабела тргнала во 1-во одделение, а затоа што мајка ѝ немала доволно финансии да се грижи за неа, таа останала да живее со татко ѝ. Таткото на Анабела свирел гитара и честопати заедно пееле и благодарение на него, Анабела од најмали нозе ја засакала музиката.
Основното училиште го завршила во родното место, а на 14 години се преселила во Сараево каде се запишала во туристичко училиште. Во тој период се запознала и со младиот ракометар Никола во кого се вљубила.
Тој ја продолжил кариерата во Швајцарија и таа заминала да оди со него, но неговото семејство останало во Босна за време на војната. Никола се вратил во Босна, а набрзо бил најден мртов, што за Анабела било огромен шок и ѝ требале повеќе години за да се совземе.
Со помош на родителите на Никола, Анабела стигнала во Белград, каде работела како секретарка и приготвувачка на кафе, а таму се запишала и на часови за танц во училиштето за танц на Џогани. Набрзо ја почнала врската со инструкторот Гаги Џогани, а во 1993-та година се придружила на групата „Фанки Џи“ и заедно ја снимиле песната „Samo u snu“.
https://www.youtube.com/watch?v=EFd_USZv9Wk
Во меѓувреме, Анабела дознала дека мајка ѝ успеала да побегне во Босна и дека се наоѓа во прифатилиште во Шведска, по што одлучила и таа да оди таму и да го продолжи образованието, откако добила статус на бегалец.
Гаги во овој период ја молел да се врати и заедно да ја продолжат кариерата, но Анабела не сакала да му верува дека во Србија се толку многу популарни. Наводно дури откако една вечер видела документарна емисија на CNN во која се говорело за ноќниот живот во Белград, видела дека нивната песна се пушта во дискотеки, па одлучила да се врати и да му даде шанса.
Во 1995-та година Анабела имала операција во која ѝ бил отстранет туморот на дојка, а во 1995-та година таа се венчала со Гаги и заедно го објавиле вториот албум „Mi smo tu“, а следната година ја добиле ќерката Луна.
Во 2002-ра година била бремена со близнаци, но за жал доживеала спонтан абортус и во истиот период дознала дека Гаги ја изневерува. Три години подоцна ќе ја добие ќерката Нина, а во периодот во 2005-та година кога имала многу обврски околу децата и промовирањето на новиот албум, Анабела паднала во постпородилна депресија и немала сила за ништо.
Следната година имала тешка сообраќајна несреќа, заради која ќе мора да бара помош од психијатар. На автопатот Белград – Загреб таа застанала на лентата за сопирање за да земе храна за ќерките што биле во автомобилот. Во тој миг пијан возач удрил во нејзиниот автомобил, по што возилото одлетало 18 метри и паднало во мочуриште.
За среќа девојчињата не биле повредени.