„Нормални и природни“ - Андрија Милошевиќ со саканата ужива на одмор во Мексико, без филтри, само со смеење до солзи

Минатата година во февруари станаа родители, а сега Андрија Милошевиќ и неговата партнерка Александра Томиќ уживаат на егзотичен одмор во Мексико. „Вие сте пример за вистинска и искрена љубов“ – им порачуваат нивните следбеници на Инстаграм.

neverojatno-e-kolku-ste-normalni-i-skromni-komentari-za-fotkite-na-andrija-miloshevikj-so-partnerkata-od-egzotichniot-odmor-vo-meksiko-01.jpg

Српскиот актер Андрија Милошевиќ (44) и неговата партнерка Александра Томиќ (35) деновиве се на одмор во Мексико, од каде редовно споделуваат фотографии и видеа.

Тие минатата година во февруари го добија синот Реља, а се трудат максимално да го заштитат и неговиот лик го кријат од очите на јавноста.

neverojatno-e-kolku-ste-normalni-i-skromni-komentari-za-fotkite-na-andrija-miloshevikj-so-partnerkata-od-egzotichniot-odmor-vo-meksiko-10.jpg

Александра за првпат по породувањето со синот одлучи на социјалните мрежи да сподели свои слики во бикини, на кои позира без грам шминка, а тоа не помина незабележано од нејзините обожаватели, кои веднаш искоментираа:

„Боже колку си ти само нормална и скромна жена, во време во кое сè е обратно“;

neverojatno-e-kolku-ste-normalni-i-skromni-komentari-za-fotkite-na-andrija-miloshevikj-so-partnerkata-od-egzotichniot-odmor-vo-meksiko-06.jpg

„Јас искрено од срце ви посакувам да остарите заедно до последниот здив… Затоа што вие сте нешто што претставува некое прекрасно минато, некои прекрасни луѓе и љубови што одамна исчезнаа.

Но, сепак знае да се појави по некоја личност и љубов што не дозволува вистинските љубови да се згаснат.“

neverojatno-e-kolku-ste-normalni-i-skromni-komentari-za-fotkite-na-andrija-miloshevikj-so-partnerkata-od-egzotichniot-odmor-vo-meksiko-02.jpg

Инаку Андрија неодамна даде пообемно интервју за српските медиуми каде говореше за тоа како се снаоѓа како родител и на прашањето кои обврски ги преземал како родител, тој рече:

„Ништо не преземав, ниту сметам дека постојат обврски во нешто што го правиш со љубов. Детето не е обврска.

Детето е дел од вашиот живот, а животот не е обврска.

Животот е искуство и тоа најубаво искуство што некој од нас може да го има. Немате ниту една друга прилика за она што го имате во моментот, така што уживам да растам со синот“ – вели тој.

neverojatno-e-kolku-ste-normalni-i-skromni-komentari-za-fotkite-na-andrija-miloshevikj-so-partnerkata-od-egzotichniot-odmor-vo-meksiko-07.jpg

Андрија е познат по тоа што редовно споделува вицеви на својот Инстаграм профил со коишто се обидува да ги насмее следбениците, а на прашањето дали му успева да го насмее и малиот Реља, Андрија вели:

„Секако, Сандра знае да му изигра цели претстави само додека тој појадува. Ние се навикнавме да се забавуваме еден со друг, а сега сето тоа доби смисла.“

Прочитајте и Не веруваат во брак, 10 години е помлада: Девојката на шармантниот актер Андрија Милошевиќ (фото)

Погледнете уште неколку фотографии од одморот на Андрија и Александра во Мексико:

neverojatno-e-kolku-ste-normalni-i-skromni-komentari-za-fotkite-na-andrija-miloshevikj-so-partnerkata-od-egzotichniot-odmor-vo-meksiko-03.jpg

neverojatno-e-kolku-ste-normalni-i-skromni-komentari-za-fotkite-na-andrija-miloshevikj-so-partnerkata-od-egzotichniot-odmor-vo-meksiko-05.jpg

neverojatno-e-kolku-ste-normalni-i-skromni-komentari-za-fotkite-na-andrija-miloshevikj-so-partnerkata-od-egzotichniot-odmor-vo-meksiko-08.jpg

neverojatno-e-kolku-ste-normalni-i-skromni-komentari-za-fotkite-na-andrija-miloshevikj-so-partnerkata-od-egzotichniot-odmor-vo-meksiko-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Најзгодната заболекарка во Србија: Му беше кума на Новак Ѓоковиќ, учествуваше во реално шоу во САД Таа и нејзиниот поранешен сопруг му беа кумови на свадбата на Новак Ѓоковиќ, а п...
Марија Шерифовиќ по третпат на одмор со синот Марио: „Толку од тишината и мирот“ По одморот со мајка ѝ Верица и полубратот Даниел, Марија повторно отпатува со си...
Убавиот актерски пар од „Тома“ доби трето дете: „После излегување во град, моравме во болница“ Тој ја чека со синот во дворот на болницата, а таа му мавта од прозорецот. Убави...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg