Хрватите наместо со куни ќе плаќаат со евра - со какви маки се соочуваат?
- Детали
- понеделник, 30 јануари 2023
„Тоа се само две евра – чекај, колку куни се всушност тоа?“, „Не се две евра две куни, тоа е голем бакшиш“ – се само дел од коментарите со кои еден Хрват овие денови се сретнува, но и се шегува на своја сметка.
Хрватска официјално ја смени валутата од 1 јануари оваа година, односно наместо досегашните куни, сега користат евра.
Па, Хрватите за оваа промена почнаа да се шегуваат - не знаат колку потрошиле и колкав бакшиш треба да остават.
Всушност, едно евро е 7,5 куни, па уште не можат да сфатат дека тоа не е истата валута и дека потрошиле многу повеќе.
На ТикТок објавуваат вирални видеа на кои споделуваат кој што направил и како си ги потрошил парите, но и за тоа дека им оставаат преголеми бакшиши на келнерите и продавачите, па тие сега „тријат“ раце.
Во продолжение прочитајте неколку коментари од видеата:
„Тоа се само две евра – чекај, колку куни се всушност тоа?“
„Не се две евра две куни, тоа е голем бакшиш!“
„Полека, девојко, и утре треба да јадеш“.
„Не сакам гума за џвакање, сакам кусур“.
„Кога ќе сфатиш дека 10 евра се 1000 куни...“
„Келнерите со новите бакшиши сега слават“.
Погледнете ги видеата за да видите на каква „мака“ се овие денови:
@bauhaus.hrvatska Imam dvaeseeet euraaa ?? #euro #balkantiktok #imamdvadeseteura #hrvatska #disupare ♬ Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod & Kevin The Monkey
@luigi_curri #euro #hrvatska #luigicurri #fyp ♬ original sound - Luigi Curri
М. Л. | Црнобело