Јелена Карлеуша: „Немам убави очи, ниту нос, ниту чело – духот ме прави убава и јас сум јас на бината“

„Јас ако треба да издвојам една убава работа на своето лице не би издвоила ништо. Не сметам дека имам убави очи, ниту нос, еве можеби усни, но и нив сакам да ги цртам. Немам ниту убаво чело, имам мали уши и себе сум си округла. Но, тоа што ме прави убава е мојот дух“, изјави Јелена Карлеуша во една пригода.

jelena-karleusha-nemam-ubavi-ochi-nitu-nos-nitu-chelo-duhot-me-pravi-ubava-i-jas-sum-jas-na-binata-01.jpg

Јелена Карлеуша е позната како една од најскандалозните ѕвезди во регионот и неа или ја сакате или ја мразите, нема златна средина.

И многумина ѝ наоѓаат замерки и на начинот на облекување и на изгледот и на начинот на однесување, но едно е сигурно – таа е силен карактер и жена без влакна на јазикот.

jelena-karleusha-nemam-ubavi-ochi-nitu-nos-nitu-chelo-duhot-me-pravi-ubava-i-jas-sum-jas-na-binata-02.jpg

Дури и кога минува низ најтешките животни битки, тоа го прави со високо крената глава.

Самоуверена е и свесна за сите свои позитивни и негативни страни.

jelena-karleusha-nemam-ubavi-ochi-nitu-nos-nitu-chelo-duhot-me-pravi-ubava-i-jas-sum-jas-na-binata-03.jpg

Таа дури и за родендените си упатува самата на себе честитки во нејзин стил.

„На здравје Јелена, беше голем борец во претходната година, беше добар и хуман човек, направи многу добри дела, беше вредна, крваво работеше и заработи, се трудеше и успеа. Беше прекрасна мајка, пријател кој секој може да го посака, соработник од соништата.

Биди Јелена Карлеуша, која е инспирација и пример“, си напиша еднаш роденденски самата на себе.

jelena-karleusha-nemam-ubavi-ochi-nitu-nos-nitu-chelo-duhot-me-pravi-ubava-i-jas-sum-jas-na-binata-07.jpg

Но, од друга страна во една постара емисија, таа покажа и искреност.

„Јас ако треба да издвојам една убава работа на своето лице не би издвоила ништо. Не сметам дека имам убави очи, ниту нос, еве можеби усни, но и нив сакам да ги цртам.

Немам ниту убаво чело, имам мали уши и себе сум си округла. Но, тоа што ме прави убава е мојот дух“, изјави таа.

jelena-karleusha-nemam-ubavi-ochi-nitu-nos-nitu-chelo-duhot-me-pravi-ubava-i-jas-sum-jas-na-binata-04.jpg

Карлеуша неодамна си испрати и честитка до сама себе:

„Време е да си посакам нешто на себе, иако одамна немам желби. Си посакувам себе волја и сила, си посакувам мотивација и фокус, си посакувам силно и здраво тело и уште посилна психа. Да ги издржам бурите кои доаѓаат.

Сакам да најдам толку добрина во себе за да им простам на луѓето кои ми прават лошо, и да можам на лошото да вратам со добро...

Си посакувам на себе нешто што одамна немам, а тоа е љубов. Си посакувам детска среќа и радост за малите работи, но си посакувам и големи концерти по целата планета затоа што јас сум јас кога сум на бина пред мојата публика.

Си посакувам оваа година албум на мојот живот. Си посакувам мир и спокој во душата затоа што тоа го заслужувам.“

Таа периодов е активна со свои настапи, а на поголемиот дел од појавувањата носи аутфити во својот препознатлив стил.

jelena-karleusha-nemam-ubavi-ochi-nitu-nos-nitu-chelo-duhot-me-pravi-ubava-i-jas-sum-jas-na-binata-05.jpg

jelena-karleusha-nemam-ubavi-ochi-nitu-nos-nitu-chelo-duhot-me-pravi-ubava-i-jas-sum-jas-na-binata-06.jpg

jelena-karleusha-nemam-ubavi-ochi-nitu-nos-nitu-chelo-duhot-me-pravi-ubava-i-jas-sum-jas-na-binata-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg