Џејла Рамовиќ - поим за елеганција, нашите Два Бона - кул во дуксери: Спектакуларни модни изданија во бело на втората вечер од „MAC“
- Детали
- петок, 27 јануари 2023
Од волуменозни креации како за Оскари и фустани кои зрачеа со елеганција, до спортски изданија и кул модни додатоци, атмосферата на сцената на белградската Штарк арена, со сите тие стајлинзи во бело, вчера наликуваше на светски настан од врвен ранг. Српската пејачка Ангелина дефинитивно се појави со највпечатливиот стајлинг...
Вчеравечер (26.01) се одржа втората вечер од најголемата музичка манифестација во регионот „Music Awards Ceremony“ (MAC) во Штарк арената во Белград.
Темата на првата вечер беше сите да бидат облечени во црно, додека на втората сите да бидат во бело и присутните навистина го испочитуваа овој дрес код и изгледаа светски.
Единствени наши претставници на втората вечер беа Два Бона, а на првата пак, нашата Каролина Гочева.
Два Бона се појавија во кул издание во бели дуксери и панталони, а потоа и настапија на сцената.
Од дами со елеганција се издвои Џејла Рамовиќ, која имаше класична бела креација, а меѓу највпечатливите беше Ангелина со волуменозната креација која нè потсети на модните експерименти на светските ѕвезди на Оскари и настани од тој ранг.
Ја видовме и старата постава на групата „Hurricane“, a најемотивен говор, дури со солзи, одржа Теодора Џехверовиќ, која изјави дека ѝ било сон да се најде на оваа сцена.
Модата на втората вечер од „MAC“:
Два Бона
Џејла Рамовиќ
Милица Павловиќ
Теодора Џехверовиќ
Ангелина
Старата постава на „Hurricane“
С. С. | Црнобело / фото: Инстаграм