Самка (70) и Хатиџа (81) се модни икони од Сараево: „Постарите жени немаат волја да се дотеруваат, сакаме да ги инспирираме“ (фото)

Самка и Хатиџа од Сараево се најдобри пријателки со впечатлив стил кои велат дека имаат за цел да ги инспирираат жените, дури и оние повозрасните, да не го запоставуваат својот изглед. Двете дами истакнуваат и дека за добар стил не ви се потребни многу пари, туку само креативност.

samka-70-i-hatidzha-81-od-saraevo-se-modni-ikoni-postarite-zheni-nemaat-volja-da-se-doteruvaat-sakame-da-gi-inspirirame-foto-01.jpg

Самка и Хатиџа се две повозрасни дами од Сараево кои се доказ дека годините се само број.

Тие се модни икони или, како што се опишуваат самите, тие се најдобри пријателки кои сакаат да се дотеруваат и ја сакаат модата.

70-годишната Самка и 81-годишанта Хатиџа се истакнуваат со впечатливите модни комбинации, а од неодамна имаат и заеднички Инстаграм профил каде што ги покажуваат нивните аутфити.

Комбинациите на двете дами скоро секогаш се во впечатливи бои и зрачат елеганција

samka-70-i-hatidzha-81-od-saraevo-se-modni-ikoni-postarite-zheni-nemaat-volja-da-se-doteruvaat-sakame-da-gi-inspirirame-foto-02_copy.jpg

Според босанските медиуми, двете дами се неразделни откако се запознале и велат дека целта им е да им бидат модна инспирација на дамите од Сараево.

Извесен период, Самка живеела во САД, а по пензионирањето решила да се врати во Босна и Херцеговина.

Кога се вратила, била изненадена кога забележала дека повеќето повозрасни дами не обрнуваат внимание на својот стил.

„Не ми се веруваше дека жените изгубиле волја (да се дотеруваат). Порано, жените од Сараево важеа за најубави и најдотерани“, вели таа.

samka-70-i-hatidzha-81-od-saraevo-se-modni-ikoni-postarite-zheni-nemaat-volja-da-se-doteruvaat-sakame-da-gi-inspirirame-foto-03.jpg

Двете дами велат и дека за добар стил не се потребни многу пари, туку креативност.

„Нам не ни требаат многу пари, туку малку креативност… Јас никогаш не би купила нешто само бидејќи велат дека е модерно. Ако нешто добро ви стои вам, не значи дека е ми стои и мене.

Многу жени грешат со бојата на косата. Тоа е најголем проблем бидејќи бојата на косата одредува какви бои на облека ќе можете да носите.

Секоја жена се чувствува подобро кога ќе се среди. Тоа е мое мислење. Јас секогаш велам дека жената не е родена за само да сто покрај шпоретот и да чисти. Мора да води грижа за себе. Штом се сакате себеси, ги сакате и луѓето околу вас“, вели Самка.

samka-70-i-hatidzha-81-od-saraevo-se-modni-ikoni-postarite-zheni-nemaat-volja-da-se-doteruvaat-sakame-da-gi-inspirirame-foto-04.jpg

Двете пријателки велат дека се свесни дека повеќето жени не можат да си дозволат скапа брендирана облека и истакнуваат дека брендот воопшто не го одредува стилот.

„Имам совет за жените. Речиси секоја жена има пет-десет пара чевли кои со години не ги облекува. Па, подобро да купи едни квалитетни и да не ги соблече и секогаш ќе изглед добро во нив. Мене ми е важно чевлите, чантата и капутот да ми бидат квалитетни“, вели Хатиџа.

samka-70-i-hatidzha-81-od-saraevo-se-modni-ikoni-postarite-zheni-nemaat-volja-da-se-doteruvaat-sakame-da-gi-inspirirame-foto-05.jpg

Таа додава и дека со малку креативност, и најевтината облека може да изгледа добро.

Повеќе фотки од модерните дами:

samka-70-i-hatidzha-81-od-saraevo-se-modni-ikoni-postarite-zheni-nemaat-volja-da-se-doteruvaat-sakame-da-gi-inspirirame-foto-06.jpg

samka-70-i-hatidzha-81-od-saraevo-se-modni-ikoni-postarite-zheni-nemaat-volja-da-se-doteruvaat-sakame-da-gi-inspirirame-foto-7.jpg

samka-70-i-hatidzha-81-od-saraevo-se-modni-ikoni-postarite-zheni-nemaat-volja-da-se-doteruvaat-sakame-da-gi-inspirirame-foto-08.jpg

samka-70-i-hatidzha-81-od-saraevo-se-modni-ikoni-postarite-zheni-nemaat-volja-da-se-doteruvaat-sakame-da-gi-inspirirame-foto-09.jpg

samka-70-i-hatidzha-81-od-saraevo-se-modni-ikoni-postarite-zheni-nemaat-volja-da-se-doteruvaat-sakame-da-gi-inspirirame-foto-10.jpg

samka-70-i-hatidzha-81-od-saraevo-se-modni-ikoni-postarite-zheni-nemaat-volja-da-se-doteruvaat-sakame-da-gi-inspirirame-foto-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
Партнерот ја оставил додека била бремена, заради ракот на мајка ѝ банкротирала – Тажната приказна на... Сама ги одгледала синовите близнаци затоа што партнерот ја оставил додека била б...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg