Љубомир е омилениот белградски возач на автобус: „Ги поздравува сите патници, застанува ако нема место за трудница“

„Добар ден!“, „Довидување!“, „Дојдете напред имате уште две слободни места“, „Пред нас е автобусот со број 48, ако некому му треба да го стигнам!“ – ова се вообичаените реченици што белградскиот возач на градски автобус Љубомир Маринковиќ ги споделува со своите патници преку разглас.

ljubomir-e-omileniot-belgradski-vozach-na-avtobus-gi-osvojuva-site-so-ljubeznosta-i-chovechnosta-01.jpgФото: Фејсбук

Благодарение на својот љубезен однос со патниците, Љубомир Маринковиќ (38) стана омилен возач на автобус во главниот град на Србија, а за него честопати се пишуваат статии во српските медиуми.

Исто така, за неговиот однос неретко се пишува на социјалните мрежи и се напоменува дека Љубомир е пример за тоа како еден возач на автобус треба да се однесува со патниците.

123481750_10224054966223987_8657724184204505615_n.jpgФото: Фејсбук

Тој користи микрофон во својот автобус со којшто ги известува патниците дали пред нив или зад нив доаѓа некој друг автобус, за навреме да ги извести да се подготват доколку треба да се симнат и да се качат во друг автобус, а во изјава за српските медиуми вели дека за тоа бил инспириран од случувањата во приватниот живот.

„Мајка ми честопати си доаѓаше дома гневна, прераскажувајќи ги доживувањата од автобусот: ‘возачот не сакаше да застане на станицата’ или ‘не сакаше да ми отвори врата’...

Затоа, кога почнав да возам, прво размислував за тоа како да им помогнам на луѓето и токму нејзината приказна ми даде инспирација“ – вели тој.

81998057_10220961535730158_7235293939677265920_n.jpgФото: Фејсбук

Освен што ги информира патниците за автобусите што им се приближуваат, Љуба често го користи разгласот и за да ги замоли патниците да отстапат место за ранливите категории граѓани, како повозрасни лица, бремени жени и деца.

„Се сеќавам дека еднаш никој не сакаше да отстапи место за една бремена жена. Тогаш станав, го изгасив автобусот и одбивав да продолжам да возам додека не отстапија место за жената да седне. Бесмислено е да се зборува за тие теми“ – вели тој.

81310194_10220891558140762_613523197626679296_n.jpgФото: Фејсбук

Љуба е омилен возач кај малите деца, но и кај останатите жители во Белград, токму заради неговата човечност.

Освен што се труди да им помогне на патниците, тој за време на новогодишните и божиќните празници одлучил да вози во костум на Дедо Мраз, а на најмалите им делел бонбони и слатки.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“ „Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Н...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg