Тврди дека го оперирала само носот – Емина Јаховиќ пред и по пластичните операции (фото)
- Детали
- четврток, 29 декември 2022
За неа велат дека направила совршени естетски корекции затоа што речиси и да не се забележуваат, а таа пак тврди дека направила само операција на носот – Како изгледаше Емина Јаховиќ во минатото и колку се промени низ годините?
Пејачката Емина Јаховиќ во последните нeколку години привлекуваше внимание со разводот од познатиот турски музичар Мустафа Сандал со кого доби две деца, а честопати се коментира за нејзиниот изглед и за тоа колку тој се променил во текот на годините.
Емина (40) потекнува од семејство на лекари, но за разлика од нејзината постара сестра, таа одлучила да работи како пејачка.
Малкумина знаат дека Мустафа на Емина ѝ е втор сопруг, а првпат се омажила на возраст од само 17 години.
Нејзиниот брак со Аладин Ѓуловиќ траел околу 1 година, а таа вели дека не жали за тоа што се омажила толку млада.
„Никогаш не се покајав што се омажив првиот пат на 17 години. Беше убаво додека траеше. Мене ми се случи таа сериозна работа додека бев многу млада. Мажот со кого се омажив беше мојата прва љубов, па така и таа свадба се случи“ – рече таа во една прилика.
Во 2002-ра година на возраст од 20 години таа настапила на изборот за Песна претставник на Евровизија во БиХ, каде ја изведе песната „U,la,la“, по што го објави својот прв албум.
Инаку, на социјалните мрежи често се води полемика околу нејзиниот денешен изглед и околу тоа што таа коригирала во нејзиниот изглед.
Многумина забележуваат дека ликот на Емина е драстично изменет од 2002-ра година кога за првпат се појавила на музичката сцена, но таа признава дека направила само една операција и тоа заради здравствени причини.
„Кога сме веќе кај операциите, дојде време да ви кажам од прва рака и да ви потврдам како стојат работите. Во животот не сум направила ниту една пластична операција, освен операцијата на носот што првпат го скршив на 14 години.
Тогаш не можев да се оперирам затоа што коските на лицето сѐ уште се развиваа, па морав да почекам. Тоа го направив на 21 година. Моите усни се целосно природни и исполнети“ – напиша Емина на Твитер во одговор на пишувањата дека правела операции.
Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение и проценете сами дали Емина направила некои дополнителни операции:
https://www.instagram.com/p/Cj_Bpuyspo5/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело