Исповед на девојка (19) од Србија, која имала 120 килограми, а сега 60: „Се срамев да облечам костим за капење“
- Детали
- сабота, 03 декември 2022
„Кога имав 120 килограми ми се допадна еден фустан во една продавница и нормално немаше број за мене. Во гардеробата каде пробував помал број, кој не ме собираше, толку многу плачев што дури дојде вработената да ме праша дали е сè во ред. По некое време појдов пак во таа продавница и си го купив фустанот со намера да го носам кога ќе ослабам, но сега ми е голем...“, ја започнува емотивната приказна Милица Дудуковиќ (19) од градот Рума.
Милица Дудуковиќ (19) од градот Рума во Србија е девојка која со челична волја и истрајност успеала да го трансформира своето тело.
Таа некогаш имала 120 килограми, а денес има 60 килограми и изгледа комплетно поинаку.
https://www.instagram.com/p/CiU3go-j4vc/
Нејзината искрена исповед:
„Многу сакам шопинг и кога имав 120 килограми ми се допадна еден фустан во една продавница и нормално немаше број за мене.
Во гардеробата каде пробував помал број, кој не ме собираше, толку многу плачев што дури дојде вработената да ме праша дали е сè во ред.
По некое време појдов пак во таа продавница и си го купив фустанот со намера да го носам кога ќе ослабам, но сега ми е голем.
Битката со килограмите ја започнав кон крајот на 2019 година и сега кога се чувствувам витко и самоуверено, подготвена сум мојата приказна да ја споделам со сите.
Цел живот имав проблем со килограмите, но во 2019 стана алармантно кога сфатив дека веќе не можам да се движам како што треба и дека качувањето на 6-ти кат пешки ми стана невозможна мисија.
Тогаш се случи пресвртот. Сфатив дека имам навистина нездрави животни навики. Јадев глупости, не тренирав, ноќта ја заменив со ден итн.
Во текот на процесот не правев ништо што не е здраво, туку се ставив самата на војнички режим – тренинг и здрава исхрана, но никако диета.
Голем противник сум на диетите, сакав да креирам здрав однос со храната. Мајка ми ми беше најголема поддршка.
Се будев рано, правев утринско растегнување, а потоа јадев нешто како јајца или овесни снегулки.
По завршувањето на обврските и ручекот одев во теретана или на пешачење.
Потоа вечера, но гледав да не биде после 19:30 часот навечер, затоа што сметам дека е многу важно кога вечераме.
Од исхраната исфрлив само чипсови и тесто.
Никогаш претходно не јадев зеленчук, а сега го засакав толку многу што ниту еден ден не ми минува без зеленчук. Јадам готвено и здраво и многу салати.