Исповед на девојка (19) од Србија, која имала 120 килограми, а сега 60: „Се срамев да облечам костим за капење“
Во теретана се срамев кога одев, мислев сите ме зјапаат, но не беше така. Вежбав кардио, но најмногу со тежини.
https://www.instagram.com/p/CidhKFZLCq-/
Првите резултати ги почувствував во 2021 година и кога можев да појдам на море и да не плачам. Пред тоа имав трауми од облекувањето костими за капење.
Тогаш не бев слаба, но со 80 килограми бев пресреќна.
Во април годинава вагата покажа 60 килограми и оттогаш сè се промени, животот ми се промени, луѓето ме гледаат поинаку.
Почнаа дечковци да ме пуштаат да поминам преку ред. Веќе не јадам благо, не пијам алкохол и редовно тренирам.
https://www.instagram.com/p/CewyI9atNJi/
Јас не си дадов нереална цел дека за кратко време треба драстично да ослабам, а потоа психички да се разочарам, туку го правев тоа полека и ја направив најдобрата работа во мојот живот.
Кој сака да ослабе мора да се стави во војнички режим, не можеме да бидеме опуштени и да очекуваме резултати. Само со работа, ред и дисциплина ќе имаме долготрајни резултати. Јас сум пресреќна сега.“
https://www.instagram.com/p/CeCnIP-DCYn/
https://www.instagram.com/p/ClObmg-NRHd/
Нејзината трансформација:
С. С. | Црнобело