Скандал во Србија: Познат манекен организирал луксузна свадба и останал должен 15.000 евра
- Детали
- петок, 02 декември 2022
Целта им била да соберат подароци во плик од најблиските, а по свадбата младоженецот ја претепал невестата – Ова се дел од шпекулациите поврзани со свадбата на познат манекен кој организирал луксузна свадба во Белград, за која останал должен 15.000 евра.
Српските медиуми деновиве постојано пишуваат за скандалот на хрватскиот манекен Карло Швоња кој минатата недела направи свадба во Белград, а на компанијата за организација на свадбата ѝ остана должен 15.000 евра.
Свадбата се одржа на 19-ти ноември, а Карло Швоња стапи во брак со неговата сопруга Емилија Селаковиќ, која исто така е манекенка.
Но, набрзо по нивната свадба, компанијата за организација на свадбата на социјалните мрежи го обвини парот за измама, а потоа во изјава за српски Kurir директорката појасни дека младенците останале должни 15.000 евра.
Како што вели, младенците не ги платиле услугите на ресторанот, фотографот и видео-продукцијата, како и пиротехниката, а музичарите добиле само бакшиш.
„Беа измамени и луѓето што вршеа транспорт, затоа што младоженецот е од Далмација, па беше организиран превоз од Хрватска до Белград и тоа не им е платено. Венчаницата не само што не е платена, туку не е ниту вратена. За сѐ постојат пишани докази и договори, како и сметки“ – вели директорката во изјава за Kurir.rs.
Дополнително, српските медиуми пишуваат дека по свадбата младенците заедно со уште неколку гости заминале на еден сплав каде ја продолжиле прославата, а таму имало уште еден инцидент.
Наводно манекенот ја претепал сопругата, по што тој се вратил во ресторанот каде имале свој апартман, а таа заминала некаде на друго место.
Фото: Фејсбук
Следното утро невестата наводно ѝ рекла на мајка ѝ дека се разведува дека свадбата воопшто не била вистинска и дека намерата им била само да соберат подарок во плик од роднините и гостите.
По објавите во медиумите се огласи и манекенот кој рече дека утрото по свадбата наводно му била блокирана сметката во тој момент и не успеале да платат ништо друго освен тортата.
„Нам не ни беше намерата никого да измамиме, ниту кого било да оштетиме во која било смисла, ниту бегаме од тоа што треба да го платиме.
Едноставно, сметката ни беше блокирана и се надеваме дека тој проблем ќе го решиме во следните неколку дена“ – рече тој.
И тој и неговата сопруга порачаа дека ќе поднесат тужби за клевета откако нивната свадба стана топ тема во српските медиуми.
Б. С. Б. | Црнобело