Дечкото на Анастасија Ражнатовиќ во секс скандал – Српските фудбалери наводно спиеле се сопругите на колегите
- Детали
- четврток, 01 декември 2022
„Не е првпат ова да се случува. Никогаш не сум се огласувал, но сега морам да реагирам“ – рече српскиот фудбалер Душан Влаховиќ. Светските медиуми пишуваат дека лошите резултати на српската репрезентација на СП во Катар се должат на нетрпеливост меѓу фудбалерите кои се најдоа среде секс скандал.
Откако вториот натпревар што Србија го одигра на Светското Првенство во Катар заврши со нерешен резултат, дел од светските новинари започнаа со шпекулации дека во таборот на фудбалерите владее нетрпение и тензија заради наводните афери што некои од нив ги имале со сопругите на нивните колеги.
Според англискиот новинар Ричард Вилсон, фудбалерот од кого се очекуваше најмногу на ова првенство, Душан Влаховиќ, добил споредна улога за време на првенството заради секс скандал со сопругата на негов колега од репрезентацијата.
Наводно, ова е причината заради која на вториот натпревар против Камeрун, Влаховиќ остана на клупата за време на почетокот на натпреварот, иако не е повреден, а натпреварот не заврши со посакуваната победа, туку со нерешен резултат од 3:3.
Низ светските медиуми брзо се прошири веста дека Влаховиќ, наводно спиел со сопругата на неговиот колега од репрезентацијата, голманот Предраг Рајковиќ, за време на тренинг кампот, што предизвикало нетрпеливост во соблекувалната помеѓу фудбалерите.
Дополнително, истиот новинар, повикувајќи се на блиски извори до фудбалерите, пишува и за наводна нетрпеливост помеѓу дечкото на Анастасија Ражнатовиќ, Немања Гудељ и Лука Јовиќ.
Наводно, Гудељ спиел со сопругата на Јовиќ, Софија Милошевиќ, што предизвикало влошени односи помеѓу колегите во репрезентацијата и тоа придонело за уште поголем раздор во таборот на српските фудбалери.
Прочитајте и Златан Ибрахимовиќ, Душан Тадиќ: Дел од најатрактивните фудбалери во региoнот во разголено издание
По вестите објавени во медиумите се огласи и Душан Влаховиќ кој ги коментираше пишувањата како измислици.
„Жал ми е што вака морам да ја започнам прес конференцијата на Мундијалот. Сметам дека нема потреба да говорам премногу, туку дека треба да реагирам и да се огласам затоа што се работи за мене и за моето име.
Работите што ги читаме се сериозни глупости и небулози.
Тоа го прават луѓето на кои им е здодевно и што немаат што да прават во слободното време затоа што се искомплесирани, злобни, лути на некого. Очигледно работат против интересите на репрезентацијата.
Атмосферата никогаш не била подобра, обединети сме, ништо не се промени. Сакам да го заштитам интегритетот на моето име и ќе се бранам правно ако треба.
Не е првпат ова да се случува. Никогаш не сум се огласувал, но сега морам да реагирам“ – рече Влаховиќ.
https://www.instagram.com/p/BPLp0Xojt0c/?utm_source=ig_web_copy_link
Инаку, сопругата на голманот на српската репрезентација, Ана Рајковиќ, е поранешна манекенка која ѝ стана позната на српската јавност заради кратката врска со Вељко Ражнатовиќ, а Софија Милошевиќ, која наводно спиела со дечкото на Анастасија Ражнатовиќ, е најпознатата српска манекенка која досега се фотографирала за голем број светски модни списанија.
Во моментов на Мундијалот во Катар се присутни и Ана и Софија, но и девојката на Гудељ, Анастасија Ражнатовиќ.