Како изгледаше првата трансродна личност во „Ѕвездите на Гранд“ пред да стане жена? (фото+видео)
- Детали
- сабота, 19 ноември 2022
Словенката Алина Јухарт е првата трансродна личност што настапи на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, а привлече големо внимание со тоа што иако има видно женствен изглед, таа зборува и пее со мажествениот глас. Како изгледаше пред да стане жена?
Со оглед на тоа што балканската публика сѐ уште е скептична во поглед на овие лица, на социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии и видеа од тоа како изгледала Алина Јухарт (29) пред да стане жена.
Во својата исповед пред медиумите Алино, односно Алина рече дека нема направено ништо вештачко на себеси, туку дека има природна боја на косата и дека не направила пластични операции.
На YouTube деновиве се појави снимка на која се гледа како изгледала Алина, кога сѐ уште била момче и настапувала во словенечкото шоу за таленти Misija Evrovizija што се емитувало на националната телевизија во Словенија.
Во видеото Алина настапува со песната Valerie од Ејми Вајнхаус, а на себе носи црн костум со јака од син тул.
Погледнете го нејзиниот настап:
Исто така на нејзиниот Инстаграм профил има фотографии на кои може да се види како изгледала таа додека сѐ уште била Алино.
Погледнете некои од нејзините фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело